- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Овој сладок бисквит го сакаа и бабите, а можеби дури и прабабите на денешната генерација Руси. А карактеристичната црвена амбалажа се чуваше во креденецот веројатно во секоја куќа во СССР. Се произведува и денес во фабриката „Болшевик“ според сите мерила за квалитет.
Но, зошто се нарекува „Јубилејное“? Ве молиме имајте предвид дека јубилејот на Октомвриската револуција нема никаква врска со тоа!
Овој бисквит е постар отколку што мислите. Оригиналниот рецепт е направен и понуден на царското семејство од слаткарите на московската фабрика „С. Сиу и Ко“ во сопственост на француското семејство Сиу. Тие му ги испорачувале своите производи на царскиот двор. Токму оваа кондиторска фабрика, една од најпознатите во Русија, во советско време беше национализирана, а името сменето во „Болшевик“.
Андрей Любимов/Агентство «Москва»
Првично, бисквитот имаше овална форма, а на кутијата беа прикажани портрети на членовите на царското семејство. Имено, произведен е по повод 300-годишнината од династијата Романови во 1913 година. Во советско време беше одлучено дека оригиналниот и успешен рецепт не треба да пропадне, па производството беше обновено.
Виктор Будан / TASS
Октомвриската револуција исто така не беше изоставена. Во 1967 година, по повод нејзината педесетгодишнина, се појави ново пакување со црвени и бордо триаголници кои потсетуваат на авангардната уметност.