Анке или Анковска пита станала популарна кон крајот на XIX век благодарение на семејството на рускиот писател Лав Толстој. Меѓутоа, поради некоја причина, ние не ја нарекуваме „Толстој пита“. Прво, ова може да се објасни со фактот дека рецептот потекнува од семејството Берсови, родителите на сопругата на писателот, Софија. Нивниот семеен лекар Николај Анке обожавал да готви, а рецептот го споделил со мајката на Софија. Деликатниот вкус на десертот од цитрус ја воодушевил Софија и таа го замолила готвачот на имотот на семејството Толстој да го подготви.
Од тој ден, секоја прослава во семејството Толстој се одржувала со оваа пита како главен десерт. Според синот на Толстој, Иљја, „роденденска забава без питата на Ана е како Божик без елка...“.
Питата станала симбол на топлина, удобност и гостопримство во домот на писателот. Меѓутоа, на крајот се подготвувало толку често што конечно, според сеќавањата на неговиот син, на Лав Толстој му здодеала. И не само оваа пита. Иако отсекогаш бил голем познавач на храната, Лав Толстој на 57-годишна возраст станал вегетаријанец и усвоил повоздржани навики во исхраната.
Рецептот за Анке питата опстанал до ден-денес бидејќи сопругата на Толстој, Софија, го запишала во својот кулинарски домашен алманах, кој броел 162 семејни рецепти.
Анке питата најчесто се прави од две кори со крем од лимон. Питата излегува ароматична и нежна. Слаткиот вкус на трошливите кори премачкани со путер го зајакнува кремот од лимон.
Оваа пита лесно се пече, а откако ќе ја пробате, сигурна сум дека често ќе ја послужувате на вашата трпеза за специјални пригоди и празници. Навистина, оваа пита е толку вкусна што е тешко да се запре на едно парче. Оваа пита треба да се сервира со предупредување: „Потенцијално предизвикува зависност; јадете умерено“.
Тесто:
Крем - фил:
1. Одвојте ги жолчките од белките. Ќе користиме само жолчка. Во миксер за тесто измешајте ги состојките што се потребни за тестото.
2. Ќе добиете густа хомогена маса.
3. Поделете го тестото на 2 дела.
4. На задната страна на хартијата за печење со молив нацртајте кругови од 16 см и секое од топчињата ставете го во средината на круговите.
5. Развлечете го тестото на големината на цртежот.
6. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 190℃.
7. Користете шаблон за сечење на рамните слоеви.
8. Оставете да се оладат слоевите. Исечените остатоците оставете ги за декорација и посипете ја питата. Слоевите можете да ги оставите и неисечени – така питата уште побрзо ќе се испече.
9. Ставете ги јајцето, путерот и шеќерот за крем во сад отпорен на топлина и варете во вода.
10. Нарендајте кора од половина лимон. Додајте ја во садот.
11. Исцедете го сокот од целиот лимон. Процедете го сокот од лимон.
12. Постојано мешајте и варете околу 15 минути. Смесата треба да стане речиси како густ мед. Кремот го мачкав по слоеви додека е топол.
13. За да не се мрда питата, прво нанесете капка од кремот на средината на садот.
14. Размачкајте го кремот преку првиот слој.
15. Ставете го вториот одозгора.
16. Потоа размачкајте го кремот преку вториот слој.
17. Со дел од кремот ги премачкав рабовите на питата.
18. Направете трошки од остатокот на колачот.
19. Останатите трошки ги посипав по рабовите на питата.
20. Горниот дел од питата го украсив со резниња лимон и трошки.
21. За да се стабилизра кремот, оставете ја Анке питата да отстои неколку часа пред сервирањето.
Уживајте со чај или кафе!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче