Со кои диети се оптоваруваа советските жени?

Љубов Орлова, 1938. / Анатолиј Гаранин / Sputnik; Legion Media
За да бидат во топ форма, жените умееја да ги воведат најстрашните рестрикции во исхраната. Овие пет диети беа најпопуларните (а воедно и најлудите) во СССР. Ве молиме да не ги применувате.

Диета со хелда и кефир (јогурт)

Една од моно-диетите, многу популарна во советско време. Може да се јаде во неограничени количини, но само хелда. И да се пие кефир. Без сол, шеќер, сос. За една недела на ваква диета се губат пет до седум килограми.

Бонус: недостаток на есенцијални елементи.

Диета со оцет

Јадете што сакате, но пред тоа само испијте раствор од јаболков оцет. Со зголемување на киселоста во желудникот, храната побрзо се разградува. Поради тоа чувството на ситост доаѓа побрзо, а апетитот се намалува. Тоа беше „мрзлив“ начин да изгубите пет килограми за пет дена.

Бонус: Оштетување на желудникот.

Јак чај со млеко

Се пие само јак чај со млеко на секои два до три часа и не се јаде ништо. Така се поминуваа диеталните денови. Не се препорачуваше примена повеќе од еднаш неделно. Но некои успеваа да бидат на чај и по недела дена.  

Бонус: ништо добро.

Диетата на Орлова

Диетата на актерката Љубов Орлова подразбираше две недели балансирана исхрана, но со калориски ограничени оброци, без слатки и пржење на намирниците. Советските жени поради некоја причина ја сметаа оваа диета за недоволно тешка, па ја „усовршуваа“ сé до целосно исфрлање на вечерата.

Диета со магдонос

Тука не станува збор за листовите на магдоносот, туку за ренданиот корен кој има силно диуретично дејство. Може да се јадат само јајца, свежо сирење, варено месо и голема количина рендан корен од магдонос. До ваквиот режим на исхрана требаше да се придржувате долг месец и половина во следните интервали: 3 дена диета, две недели вообичаена исхрана без сол, шеќер и леб - и така во круг.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња