СИТЕ победнички на „Мис Русија“ за 25 години (ФОТО)

Russia Beyond (Виталиј Арутјунов/Sputnik; Дмитриј Коробејников/Sputnik; Григориј Сисоев/TASS; Вјачеслав Прокофјев/TASS)
Првиот натпревар на убавина „Мис Русија“ беше одржан во 1993 година и трае до денешен ден. Кои се тие најубави жени од Русија и што им се случувало во животите по победата?

Ана Бајчик, 1993

„Мис Русија“ 1993. Ана Бајчик

Koга је доби круната Ана имаше само 16 години. Парите што ги доби за победата ги искористи за да оди со мајка си во Мајами. Не го одбра класичниот пат на манекенка туку се посвети на научна работа на Катедрата за меѓународно новинарство.

Ина Зобова, 1994

„Мис Русија“ 1994. Ина Зобова

По победата, Ина дипломираше на Московскиот државен универзитет (МГУ) и си најде работа во Париз каде направи врвна манекенска кариера. Има учествувано на ревии на Yves Saint Laurent, Hermes, Givenchy и на многу други модни куќи и се појави на насловните страници на светски модни списанија. Живее во Париз со момчето Бруно Авејан, француски фотограф и режисер.

Елмира Тујушева, 1995

„Мис Русија“ 1995. Елмира Тујушева

Елмира ја освои титулата кога имаше 18 години по што го напушти факултетот и започна манекенска кариера. Заедно со манекенството се обиде и како глумица. Дури доби и улога во филмот „Сјај“ („Глянец“) на признатиот руски режисер Андреј Кончаловски.

Александра Петрова, 1996

„Мис Русија“ 1996. Александра Петрова

По победата на натпреварот 16-годишната Александра беше преплавена со договори со странски компании. Најголемата понуда беше договорот со агенцијата Ford Models, но таа ја одби зашто условот беше да ослабне, да научи англиски и да се потстриже кусо. Судбината на Александра беше трагична. Два дена пред својот 20 роденден беше убиена со куршум во глава во својот роден град Чебоксари. Излезе дека убиецот го чекал нејзиниот партнер, локалниот шеф на мафијата, а девојката случајно се нашла на местото на пресметката.

Елена Рогожина, 1997

„Мис Русија“ 1997. Елена Рогожина

Две години по победат во Русија, Рогожина ја освои титулата „Мис Европа“, се омажи за бизнисменот Денис Ершов и започна кариера на модел во Лос Анџелес. Работеше таму една и пол година, а потоа се врати во Европа. Не се промовираше како личност од високото општество. Роди ќерка, а потоа и син. По смртта на нејзиниот сопруг во 2017 година, Елена започна да се занимава со бизнис и стана сопственичка на козметички салон и на бутик за облека на брегот на Црното море во Бугарија.

Ана Малова, 1998

„Мис Русија“ 1998. Ана Малова

Ана се бореше за титулата од 1993 година, а посакуваната круна ја доби во 1998 кога имаше 26 години. Потоа, како и многу победнички, се пресели во САД, каде се појавуваше во јавност како лице на определени рекламни кампањи. Извесно време беше во врска со милијардерот Џорџ Сорос, како и со комичарот Гари Шендлинг. По неуспешниот обид за фалсификување рецепт, во 2010 година во судска постапка беше осудена на принудно лекување од наркоманија.

Ана Круглова, 1999

„Мис Русија“ 1999. Ана Круглова

Ана победи на натпреварот кога имаше 17 години, а потоа донесе невообичаена одлука никогаш повеќе да не учества на слични настани и му се врати на обичниот живот.

Оксана Фјодорова, 2001 (* во 2000. година натпреварот не се одржа)

„Мис Русија“ 2001. Оксана Фјодорова

Заврши полициска школа, а во 2001 година ја освои титулата „Мис Русија“ и стана мошне невообичаен полицаец (има чин капетан на полиција). Оксана е најпознатата учесничка на овој натпревар во Русија. Подоцна ја освои круната „Мис Универзум“ и направи кариера како телевизиска водителка и глумица.

Светлана Корољова, 2002

„Мис Русија“ 2002. Светлана Корољова

Истата 2002 година ја освои и титулата „Мис Европа“ и започна кариера како манекенка. Поседува бренд класична женска облека.

Викторија Лопирјова, 2003

„Мис Русија“ 2003. Викторија Лопирјова

По изборот за „Мис Русија“ 19-годишната Викторија се пресели во Москва и започна да работи на централната телевизија како водителка на спортски програми. Во 2018 година беше амбасадор на Светското првенство во фудбал.

Диана Зарипова, 2004

„Мис Русија“ 2004. Диана Зарипова

Откако ја освои титулата „Мис Русија“, Диана уште неколку пати учествуваше на меѓународни натпревари, а потоа го напушти манекенството. Дипломираше, се омажи и роди две деца.

Александра Ивановска, 2005

„Мис Русија“ 2005. Алекандра Ивановска

По победата на натпреварот Александра во јавноста започнаа да ја мешаат со личност која беше порно-глумица. И покрај фактот што таа личност снимаше филмови кога Александра имала само 5 години, новопечената убавица започнаа да ја обвинуваат за такво минато. Поради тоа Александра го напушти јавниот живот и кариерата на модел и стана фризер-стилист.

Татјана Котова, 2006

„Мис Русија“ 2006. Татјана Котова

Татјана постигна успех на естрадата. Две години беше член на популарната поп-група „ВИА Гра“, а потоа започна солокариера.

Ксенија Сухинова, 2007

„Мис Русија“ 2007. Ксенија Сухинова
Максим Шеметов

Следната 2008 година Ксенија ја освои титулата „Мис на светот“. Се впушти во врска со милионерот Сергеј Говјадин и се вработи како манекенка во Њујорк. По раскинувањето Ксенија ја продолжи кариерата и извесно време беше заштитно лице на брендот L’Oréal Professionnel.

Софија Рудева, 2009 (* во 2008 година натпреварот не се одржа)

„Мис Русија“ 2009. Софија Рудева

Победата на Софија беше проследена со голем скандал зашто за време на натпреварувањето се појави нејзина еротска фотографија што ја имала направено за странско списание кога имала 15 години. По натпреварот неколку години беше во медиумскиот простор, а потоа исчезна и повеќе не е активна дури ни на социјалните мрежи.

Ирина Антоненко, 2010

„Мис Русија“ 2010. Ирина Антоненко

Ја напушти манекенската кариера и се определи за глума. Прекрасно дебитираше во филмот „Фантом“ на режисерот Тимур Макмамбетов.

Наталија Гантимурова, 2011

„Мис Русија“ 2011. Наталија Гантимурова

По натпреварот, Наталија се запиша на еден од најдобрите универзитети во земјата, РГГУ (Руски државен хуманистички универзитет) на одделот за меѓународни односи и странски регионални студии и повремено се појавуваше на модните писти. Сега е блогерка.

Елизавета Голованова, 2012

„Мис Русија“ 2012. Елизавета Голованова

Елизавета тврди дека манекенството никогаш не ја интересирало и дека учеството на натпреварот било само експеримент. Претставничката на вистинска медицинска династија, ја прекина семејната традиција и стана успешна адвокатка.

Елмира Абдразакова, 2013

„Мис Русија“ 2013. Елмира Абдразакова

На Елмира победата ѝ донесе големи главоболки. По натпреварот на социјалните мрежи добиваше илјадници пораки од оние што не се сложуваа со нејзината победа и сите беа главно поврзани со нејзиниот изглед и со етничкиот идентитет. Повремено мораше да ги брише страниците на социјалните мрежи и да се повлече од јавното поле.

Јулија Алипова, 2014

„Мис Русија“ 2014. Јулија Алипова

Јулија не ја продолжи кариерата на манекенка. Заврши две високи школи и се стекна со звањето инженер во термоенергетика и преведувач по англиски јазик.

Софија Никитчук, 2015

„Мис Русија“ 2015. Софија Никитчук

Кариерата на Софија ја уништи скандал. Таа за насловна страница на едно списание позираше гола, обвиена во руско знаме, што беше повод обвинителството да започне истрага. Обвинението (поради непочитување на националните симболи) не беше покренато, но Софија повеќе не се појави во јавност.

Јана Добровољскаја, 2015

„Мис Русија“ 2016. Јана Добровољскаја

По натпреварот, Јана се запиша на Московскиот универзитет за психоанализа и стана психолог. Продуцентите и понатаму се обидуваат да ја намамат убавицата во разни реални програми, но таа ги одбива сите понуди. Јана тврди дека никакви пари и слава нема да ја натераат да учествува во реални шоу-програми.

Полина Попова, 2017

„Мис Русија“ 2017. Полина Попова

Полина по победата мошне брзо исчезна од јавниот живот, како што исчезнаа и вестите за новата Мис Русија. Се определи за семеен живот, се омажи и роди син. Ништо не зборува за таткото на нејзиното дете и ретко се појавува на социјалните мрежи.

Јулија Пољачихина, 2018

„Мис Русија“ 2018. Јулија Пољачихина

Јулија од детство мечтаела да биде манекенка, но не успеа во кариерата. Познато е дека неколку години по натпреварот роди ќерка со олигархот, банкарот Рустам Тарик.

Алина Сањко, 2019

„Мис Русија“ 2019. Алина Сањко

Девојката се пронајде себеси во креативноста. Се занимава со сликање, а има дипломирано архитектура.

Ана Линикова, 2022. (* поради пандемијата натпреварот не се одржа две години)

„Мис Русија“ 2022. Ана Линикова

Работниот стаж на Алина започна во фабрика, а заврши со илјадници договори за манекенска работа. За тоа што работи оваа убавица, пишувавме тука.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња