Како да подготвите Скобелеви фаширани шницли со грашок во бел сос? (РЕЦЕПТ)

Legion Media
Фашираните шницли на Скобелев се појавиле во пресрет на Првата светска војна, за време на патриотскиот полет, кога Русите со особена почит се сеќавале на воениот херој од XIX век, „Белиот генерал“ Михаил Скобелев. Го добил прекарот затоа што на бојното поле носел бела униформа и јавал на бел коњ.

Фашираните шницли на Скобелев се јадење од царската ера направено во чест на генералот Михаил Скобелев, по потекло од Санкт Петербург. Жителите на градот на Нева го обожавале и идеализирале бестрашниот воен командант.

Михаил Скобелиев, кој живеел кратко, од 1843 до 1882 година, бил познат како роден водач и исклучителен воен стратег. Учествувал во освојувањето на Централна Азија, како и во Руско-турската војна од 1877-1878 година, кога се прославил како Ослободител на Бугарија.

Во историјата е запаметен под прекарот „Белиот генерал“, како што со наклоност го нарекувале војниците, бидејќи во борбите се појавувал во бела униформа на бел коњ. Меѓутоа, денес тој е познат не само по јунаштвото и впечатливата појава, туку и по вкусните „Скобелеви фаширани шницли“.

За жал, генералот Скобелев никогаш не го вкусил јадењето што го носи неговото име. Умрел пред да биде создадено.

Фашираните шницли на Скобелев биле најпопуларни на почетокот на минатиот век. Во времето на патриотскиот полет што следел по влегувањето на Русија во Првата светска војна, на менито на англискиот клуб во Москва се појавило јадење кое го носело името на храбриот генерал. За тоа сведочи примерок од менито од 15 октомври 1914 година, пронајден во архивите, во кое, меѓу другото, за ручек се нудат „Сокоболеви фаширани шницли со грашок“. Подоцна ова јадење станувало сè попопуларно во општеството, а не само во тесниот круг членови на клубот.

Фашираните шницли имаат овална форма со крцкава, пржена кора. За да бидат посочни, во оригиналниот рецепт им се додава говедска и телешка маст, но можете да користите и бело пилешко месо или телешко со обичен путер. Ако не сакате грашок како прилог, пробајте ги фашираните шницли со пире од компир.

Состојки за 10 порции:

Фаширани шницли:

Бел леб -  200 g

Павлака 10% - 300 g

Мелено месо (телешко или по избор) – 1000 g

Кромид – 1 главица

Путер - 100 g

Јајца - 4 пар.

Сол по вкус

Бибер по вкус

Вода - 50 g

Брашно - 6 лажици

Презла - 200-300 g

Масло за готвење

Сос:

Брашно - 3 лажици

Путер - 50 g

Вода - 50 ml

Павлака - 100 g

Начин на подготовка:

Отстранете ја кората на лебот. Потопете го лебот во павлаката да омекне.

Ситно исечкајте го кромидот. Изладениот путер исечете го на коцки.

Сега земете го лебот и исцедете го вишокот павлака. Потоа додадете го на меленото месо, како и сол, бибер, кромид и путер.

Добро измешајте го меленото месо и обликувајте топчиња со големина на топка за билјард.  

Подгответе ја масата за макање на шницлите: промешајте ги јајцата, брашното, водата и солта.

Потопете ги топчињата од мелено месо во добиената маса, а потоа извалкајте ги во презлата.

Обликувајте го во сплескани шницли.

Пржете ги шницлите на масло на среден оган.

Одвоено загрејте путер и во него пропржете брашно, потоа додајте вода и павлака.

Сето тоа измешајте го добро и варете додека да зоврие додека не добиете густина на сосот.

Прелијте го сосот преку шницлите. Можете да ги сервирате со грашок, пире од компир или прилог по желба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња