Во ресторано Christian класичниот кроасан е покриен со лист злато, а одвнатре е намачкан со домашен путер со додаток 50 грама црн кавијар. Овој во секој поглед богат кроасан чини цели 6.000 рубли (во моментов 82 евра).
Рускиот пирог „кулебјака“ (пита со богат фил) во ресторанот на хотелот „Метропол“ се подготвува по стар рецепт од 1905 година. Во тестото што се топи во устата е спакувано мелено месо од три благородни видови риба. Кулебјаката се сервира со сос на база на шампањ и кавијар. Обично се нарачува за повеќе лица. Цена: 7.500 рубли (над 100 евра).
Салата од камчатска краба, пикантна рукола, сладок домат, авокадо и освежителен портокал од италијанскиот шеф на кујна Калето Сансоне во ресторанот Assunta Madre чини 3.500 рубли (речиси 50 евра). Крабата е обилно застапена во неа!
Класичниот царски бујабес е празник за очи и стомак за сите љубители на скапи морски плодови, јастог и гамбор. Во ресторанот „Бујабес“ со јадење се служи со крутони и сос. Буљонот за супата се вари скоро два дена! Порција за две лица чини 24.900 рубли (340 евра).
Филе-мињонот „кобе“ е најфиниот бифтек од првокласно јапонско говедско месо, подготвен на скара на вулкански камен од планината Фуџи. Порција од оваа егзотика во Москва – во ресторанот за јапонска кујна Megumi (што во превод значи „Благослови ме“) – чини 73.000 рубли (1000 евра!). Се сервира на вжарен камен со лук.
Најсвежите морски плодови се сервираат во ресторанот „Erwin.Reka.More.Okean“. „Кралскиот сет“ на ледена чинија за 23.000 рубли (околу 315 евра) вклучува шкампи и цела палета на гамбори, остриги и морски ежови. Кралот на порцијата е целиот рак. Посебно се послужуваат неговите „тупаници“ - сочното месо од исчистените клешти.
Во ресторанот „Жед за крв“ (Жажда крови) на гостите им се врти во глава пред реалистичниот десерт во вид на човечко срце во природна големина. Рачно направеното срце се состои од кори од мед и карамела натопени во ликер од слива. Во него се препознаваат и суви сливи со крем од чоколадо и кондензирано млеко. Слаткото човечко срце чини 2.700 рубли (скоро 40 евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче