Мимоза салатата изгледа новогодишно со бројчаник од морков и цифри од мајонез.
Од цвекло можете лесно да „изградите“ Кремљ, а од кисели краставички да направите елка. Ќе ви требаат уште малку кашкавал и мајонез за украсите и ѕвездите од морков.
Стапчињата од рак наликуваат на свеќи! Можат да се користат за украсување на салата од ракови во вид на божиќен венец.
Оваа омилена руска салата наречена „харинга во бунда“ е украсена во ретро-стил: роза од цвекло, мрежа од мајонез и многу млад кромид.
Каква е таа зима без Снешко?! Особено ако за него не ви треба Бог знае што: морков за носот, еден чери домат за румени образи и маслинки за очите. Устата можете да ја насечкате од морска зелка.
Главната декорација на руските салати со мајонез е копарот. Можете да го користите како новогодишна елка украсена со пченка, а од морков да исечете ѕвезда.
Доматот со мајонез е идеална печурка мувоморка. Толку симпатично можете да ја декорирате руската салата кога ја сервирате во порции.
А еве едно необично прасе! Во основа, тоа е „харинга во бунда“, ушите и муцката се направени од цвекло, а очите се направени од белки од јајце и зрна каранфилче.
Ова е уште една достапна варијанта за украсување на „харинга во бунда“, иако не се гледа веднаш за која салата се работи. Од прстените од морков се добиваат многу убедливи рибни крлушки.
Доколку дома имате сад во вид на елка, доволно е во него да ја ставите руската салата и по рабовите да ја посипете со свежи зачински билки. Ефектно и брзо сервирање!
Руската салата можете да ја сервирате и во плитка тацна обликувајќи ја како божиќен венец. Обилно посипете ја со зачински билки и украсете ја со зеленчук во светли бои.
И пивтиите може да изгледаат свечено, кога на нив се ставаат украсно исечен зеленчук и животинчиња од јајца.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче