Се вели дека просечниот Русин јаде речиси два килограми копар годишно.
FreshSplash /Getty ImagesТрадицијата на додавање свеж сечкан зеленчук во различни јадења пристигна во централна Русија најверојатно од регионот на Кавказ. Таму е обичај да се служат китки копар, коријандер и магдонос заедно со сирење и кисели краставички.
Сирење, зеленчук и зачински билки.
Legion Media„Кога бев во лекувалиште во Мајкоп (Адигеја), готвачите додадваа копар на апсолутно сè, дури и на ренданите моркови. Ниту едно јадење не пропуштија“, вели Ољга за нејзиниот одмор во подножјето на западниот Кавказ.
Компири со харинга и копар. Готвач Мирко Заго, ресторан „Аист“ (Штрк).
Прес-служба„Премногу копар никогаш не е доволно“, се пошегува италијанскиот готвач Мирко Заго. „За Русин, копарот е еден вид традиција, како магдоносот за Италијанец. Ако зборуваме за руската кујна, копарот во големи количества оди добро со компири и супи и како додаток на сосот за лосос“.
Згора на тоа, копарот често се додава во салати од свеж зеленчук и во традиционалните новогодишни салати со мајонез, како што се „Харинга под бунда“ и „Мимоза“. Предјадењата со јајца, кавијар или харинга задолжително се украсени со гранче копар. Се додава во филовите за палачинки и пити, се суши, замрзнува и се користи за конзервирање зеленчук и како закуска со вотка.
„Харинга под бунда“.
Legion Media„Нема многу што не можете да поправите со копар. Освен бонбони“, напиша нашата читателка Нора од Америка откако виде фотографија од татарски катик (пијалок од варено млеко) со копар.
Во Русија, млечните производи често се мешаат со копар. Доволно е да се потсетиме на окрошка (ладна супа). Или кнедли со урда и копар.
Окрошка на база на кефир со копар.
Legion MediaКопарот е карактеристика не само на руската кујна. Билката е барана, меѓу другото, во Бугарија, Србија, Шведска и Канада. Во двеве последни, копарот главно се користи во тандем со лососот. И кој не се заљубил во сосот од сенф и копар на ИКЕА кој го освојува светот?
Шашлик со зеленчук и зачински билки.
Legion Media„Да, копарот е популарен во Шведска, но Русите се многу полуди по него. Сум видел копар со ќебапи и во основа сè“, пишува нашиот читател Џонатан.
Во француската кујна, готвачите многу го користат анасонот - најблискиот роднина на копарот. Точно, тие претпочитаат со стеблата и со листовите на растението да шинкуваат. Во италијанската кујна, семките од анасон се додаваат во маринираниот зеленчук, како и за правење зачинети пијалаци.
Прво, копарот има изразен вкус што го прави секое јадење поапетитно. На пример, во пељмени се додава свеж копар за филот од месо да биде посочен.
Кнедли со копар и кромид.
Legion MediaВторо, копарот лесно се одгледува. Како што пишува корисникот на форумот Наталија: „Тешко е да се најде место каде што не би растел. Можеби на Арктикот. Овде во Сибир расте прекрасно, понекогаш го вадиме како трева“.
Со оглед на тоа што свежото овошје и зеленчук многу години беа дефицитарни во СССР, копарот го надополни недостатокот на витамини. Нутриционистите тврдат дека билката е многу здрава, барем за гастроинтестиналниот тракт и за крвните садови.
Боршч: безвременска класика.
Legion MediaИ копарова вода се препорачува за бебиња кои страдаат од колика и за млади мајки кога дојат. Навистина, се подготвува на различни начини: верзијата во аптека користи анасон, домашната верзија семки од копар или свеж копар. Така, за многумина во Русија, нивниот прв вкус на копар доаѓа со мајчиното млеко.
Кајгана со копар.
Legion MediaГледајќи фотографија од пржени јајца попрскани со копар, нашиот читател Ендру од Америка извика: „Ги заборавивте јајцата!“. Копарот во ова јадење беше навистина дарежлив, но не претеран (според руски стандарди, се разбира).
„Пробав многу различни јадења во централна и јужна Русија, вклучувајќи го и Кавказот, а многумина имаа копар во нив“, вели Рене од Германија. Родителите на неговата сопруга живеат во Краснодарскиот регион, па тој секоја година ја посетува Русија. „На пример, јадат компири, месо, салата и солени домати со свеж копар. Во Германија не сакаме толку многу копар. Имам впечаток дека веганите го јадат во салати“.
Варен компир со путер и копар.
Legion Media„Русите додаваат точно количество копар, а во некои јадења можеби дури и недоволно. Зачинските билки, вклучувајќи го и копарот, даваат свежина на храната, а вкусот потсетува на детството и на традициите“, вели српскиот готвач Борис Јовановиќ. „Во денешно време сè повеќе можете да најдете копар во рестораните не само во неговата класична форма. Во нашиот ресторан, на пример, правиме гел од копар и го користиме за украсување јадења. Сега е тренд“.
Говедски тартар со гел од копар од Борис Јовановиќ, готвач на ресторанот Community во Москва.
Прес-службаПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче