Кратка историја на ПУТЕРОТ во Русија и како да го НАПРАВИТЕ дома (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Порано се правеше во бутин и беше вистински деликатес. Денес за негова подготовка ви е доволен добар миксер, и можете да го имате секој ден на вашата трпеза.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Во денешно време толку сме навикнати на некоја храна што повеќе не ја цениме како што тоа некогаш го правеле нашите предци. Путерот, на пример, денес го има во секој фрижидер, додека пред неколку векови морало да се помачите да го направите и бил многу скап.

Едно од најраните споменувања на путерот во Русија датира од XIII век. Станува збор за документ меѓу новгородски и германски трговци. Во руските села путерот се правел од масна кисела павлака или расипано млеко, но највкусниот се добивал од слатка павлака. За негово подготвување се користел дрвен бутин.

Таквиот путер не можел да се чува долго. Се подготвувал за посебни пригоди или за пречек на гости. Многу често путерот се топел, што овозможувало негово подолго чување. Тоа се викало „руски путер“. Во XVII век, поради истата причина Русите почнале да додаваат сол во путерот.

Дури во XIX век дошло до позначителен напредок во производството на путер во Русија. Тоа се случило првенствено благодарение на производителот на сирење Николај Верешчагин. Откако за време на посетата на Париз пробал путер од Нормандија, тој почнал да развива свој метод на производство.

Резултатот бил зачудувачки и станал познат во Европа како петербуршки путер. Меѓутоа, во Русија го нарекувале „вологодски путер“. Главната специфичност на неговото производство била во тоа што павлаката се загревала речиси до вриење. На тој начин се пастеризирал, притоа задржувајќи го вкусот на свежо млеко.

Изрази на посебна почит кон путерот може да се најдат во руската литература и фолклорот. Се споменува во бројни поговорки. На пример, „да се тркалаш како сирење во путер“ значи да се живее како бубрег во лој.

Можеби се прашувате зошто се мачите да правите путер дома, кога денес може да се најде во секоја продавница. Верувајте ми, вреди да се помачите! Тетка ми, на пример, сè уште купува непастеризирано млеко од фармери, сама ја отстранува павлаката и прави путер дома.

Ќе се изненадите колку неговиот вкус се разликува од купечкиот путер. Денеска не мора да го правите во бутин. За овој рецепт потребни ви се само слатка павлака со висока содржина на млечни масти, миксер и 15 минути време. Толку едноставно, а толку вкусно!

Состојки за 300 грама путер:

Слатка павлака (35-40%) – 600 ml

Подготовка

1. Ставете ја оладената павлака (од фрижидер) во сад и матете ја со миксер три минути без прекин додека да се згусти. 

2. Кога малку ќе се згусти, зголемете ја брзината на максимум и матете околу 7 минути. Ќе забележите дека павлаката ќе стане цврста – тоа е путер. Во садот се појавува течност – тоа е матеница. 

3. Внимателно процедете ја содржината од чинијата низ ситна цедилка. Немојте да ги гмечите грутчињата путер – ќе ви биде полесно да ги процедите. Држете ја цедалката со путерот под чешма и измијте ја со вода.

4. Матеницата можем да се чува и користи, на пример, за мешање палачинки. 

5. Притиснете го путерот со ладни раце така што водата и остатокот матеница да се издвојат. 

6. Ставете го путерот во чаша или керамички сад или обликувајте коцка.  

7. Јас го обликував путерот со помош на две дрвени шпакли.

8. Чувајте го путерот во фрижидер 1-2 недели. Уживајте во него со свеж леб или додајте го во врела каша.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња