Кубан е неофицијално име за делот од Русија што ги опфаќа Краснодарскиот крај и неколку соседни области на југот на земјата. Со векови оваа територија била извор на храна за целата земја. Благодарение на топлата клима, пиперките, доматите, па дури и модриот патлиџан подобро успеваат тука отколку во другите делови на Русија.
Од баба ми знам дека на југ луѓето имаат посебна љубов кон модрите патлиџани, каде што нагалено ги нарекуваат „сињенки“ или „плавци “. Освен кавијар од модар патлиџан, полнети и печени модри патлиџани, традиционално јадење е и киселиот модар патлиџан. Овој начин на подготовка бил особено важен во времето кога немало фрижидери.
Како да подготвите салата од модар патлиџан во кубански стил? Салатата се состои од слоеви модар патлиџан, пиперки и домати. Најдобар начин за подготовка на ова јадење е модрите патлиџани да се варат кратко. На тој начин ќе изгуби малку горчина и ќе впие помалку масло при пржењето.
Важен е квалитетот на зеленчукот и зачинските билки. Затоа го избирам најдоброто што можам да го најдам во локалната пиљарница. Оваа година успеав да одгледувам сопствени домати. Важна состојка на салатата е преливот од зачински билки и лук, кој на јадењето му дава дополнителна арома.
Оваа салата најчесто се служи како прилог или закуска, но може да биде и главно јадење.
За маринадата:
1. Отстранете ги дршките на модриот патлиџан. Ставете го модриот патлиџан во ладна вода и загрејте го на рингла. Кога водата ќе зоврие, варете на тивок оган 10-15 минути, во зависност од големината на плодот. Модриот патлиџан треба да остане цврст.
2. Пиперките се сечат на парчиња со средна големина. Препечете ги во подмачкана тава додека малку да омекнат.
3. Модриот патлиџан се сече на кругови со дебелина од 6 мм.
4. Во тава со малку масло се пржи модриот патлиџан додека не добие убава златно-кафеава боја.
5. Зачинските тревки и лукот се сечкаат ситно и се пасираат.
6. Доматите исечкајте ги на кругови со дебелина од 4 мм.
7. Кога сите состојки се готови, почнете да ја редите салатата. Изберете керамички или стаклен сад со капак.
8. Првиот слој е од модар патлиџан. Решив да ги пресечам на половина круговите, за подоцна салатата полесно да се сервира. Модриот патлиџан посипете го со смесата од билките и лукот. Слоевите редете ги додека не го потрошите целиот модар патлиџан.
9. Потоа редете слоеви од пиперка.
10. На крај наредете го и доматот ставајќи меѓу секој слој зачински билки со лук.
11. За маринадата растворете шеќер и сол во вода и загрејте ја мешавината. Додајте го оцетот и тргнете ја од ринглата.
12. Со топлата маринада прелијте ја салатата за зеленчукот подобро да впие.
13. Поклопете и оставете 8 до 12 часа.
14. При сервирање прелијте со ароматично масло. Пријатен апетит!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче