- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Хинкалот е едно од најкарактеристичните дагестански јадења и има голем број на варијанти. Класичниот дагестански хинкал се состои од дебели меки парчиња тесто послужени со говедско месо, супа и сос. Затоа не треба да се меша со исто толку познатото грузиско јадење со слично име - хинкали, кое се состои од крупни парчиња тесто во вид на вреќички полнети со месо.
Дагестанскиот хинкал има пролетна варијанта, а тоа е аварскиот хинкал со мечкин лук. Аварите се најбројниот народ во Дагестан. Аварскиот хинкал е сезонско јадење кое ретко може да се најде на менито на рестораните. Постојат неколку варијанти кои се разликуваат по технологијата на подготовка и состојките. Ја избрав онаа која може да биде достапна за секого, притоа задржувајќи го автентичниот вкус.
Користев рецепт со кефир и јајце, иако многумина го прават аварскиот пролетен хинкал само со вода и брашно. Мешањето на кефир со сода бикарбона и долгото месење на тестото му даваат на јадењето воздушеста текстура. Тука започнуваат нијансите: тестото се лепи на рацете, но ако додадете повеќе брашно, хинкалот нема да биде толку мек. Некои домаќинки го прават хинкалот веднаш откако ќе ги измешаат состојките, користејќи брашно да спречат лепење на тестото. Исто така, важно е во чинијата во која се става варениот врел хинкал најпрвин да се стави путер за да не се лепат парчињата едно со друго.
Како пролетен фил користев обичен млад кромид. Но следната година ќе пробам со мечкин лук. Аварските домаќинки со ова јадење послужуваат домашно сирење. Некои од нив печат мисирка или некој домашен колбас и го сервираат со хинкал во чинија со млеко. Некои одделно послужуваат пилешка супа и парчиња пилешко. Јас користев едноставно сервирање со грчки јогурт и млад кромид.
Состојки за 2-4 лица:

Јулија Мулино
Брашно - 280 g
Кефир - 100 ml
Јајце - 1 пар.
Со – 0,5 супена лажица
Сода бикарбона – 0,5 супена лажица
Млад кромид - 150 g
Путер - 30 g
Начин на подготовка:
1. На кефирот додадете му сода бикарбона и сол и оставете ја оваа смеса да отстои околу 20 минути. Потоа додадете го јајцето во неа.
Јулија Мулино
2. Ситно исечете го младиот кромид и ставете го во длабока чинија.
Јулија Мулино
3. Измешајте го кромидот со кефирот.
Јулија Мулино
4. Постепено го додаваме брашното. Ќе биде лепливо. Некои дагестански жени го месат додека не стане еластично и не почне да се одвојува од рацете. Некои го обликуваат хинкалот веднаш штом ќе ги измешаат состојките.
Јулија Мулино
5. Обликувајте го тестото, посипете го со брашно и оставете го да стои 30 минути.
Јулија Мулино
6. На површина посипена со брашно развлечете го тестото на дебелина од 1,5 сантиметри.
Јулија Мулино
7. Исечете го на ромбови.
Јулија Мулино
8. Варете го хинкалот во посолена вода и вадете го во чинија со путер.
Јулија Мулино
9. Послужете со кисело млеко и свежи зачини. Пријатен апетит!
Јулија Мулино