„Во Москва има многу sвезди, но Мишелинови досега немаше“, се пошегува на свечената презентација на Водичот градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин. Москва има сериозни историски гастрономски корени. Трговците и благородниците ги давале последните рубли за да ги почестат гостите како што треба. Во советско време многу традиции исчезнаа, а врвните ресторани беа претворени во советски угостителски објекти за општествена исхрана. Во деведесеттите години на минатиот век Русија и Москва се обидуваат да го надоместат пропуштеното. Се отвораат стотици добри ресторани кои ги фасцинираат гостите со префинети јадења на менито.
Москва е првиот град во Заедницата на независни држави одликуван со ѕвездички и други признанија од Мишелин, а Русија е удостоена со големото гастрономско признание како триесет и третата земја во светот.
Зошто Водичот пристигна во Русија токму сега?
Според меѓународниот директор на водичите на Мишелин Гвендал Пуленек, работата над московскиот Водич траела пет години. Експертите анонимно ги посетувале рестораните и ги оценувале во согласност со меѓународните стандарди според неколку критериуми, кои подразбираа квалитет на јадењата, вештина на готвење, оригиналност на јадењата, односот цена-квалитет и доследноста на посетителите. Пандемијата ги внесе своите корекции во постапката за оценување и објавување на резултатите.
Vyacheslav Prokofyev / TASS
„Проектот претставуваше предизвик за сите нас со оглед на пандемијата, ограничувањата на патувањата и откажувањата на настаните. Но, на крајот на краиштата, ја завршивме работата. Со радост можеме да кажеме дека Москва, како една од дестинациите на гастрономскиот туризам, има огромни перспективи за развој. Градот несомнено има свој кулинарски идентитет. Многу готвачи работат со локални производи, внимателно негувајќи ја кулинарската традиција на својот регион. Во првото московско издание ќе влезат 69 ресторани“, рече Гвендал Пуленек на презентацијата на Водичот во Москва. Како што нагласи тој, тоа е само почетокот што треба да го поддржи ресторанското работење.
Две ѕвездички: Најдобри меѓу најдобрите
Два московски ресторана добија две Мишелинови ѕвездички. Признанието значи дека ресторанот е толку добар што треба да се посети дури и ако не ви е по пат.
Press Service
Две ѕвездички доби ресторанот Twins Garden кој го водат браќата Иван и Сергеј Березуцки. Има повеќе меѓународни награди, а месецов на листата The World's Best 50 Restaurants го зазеде триесеттото место. Браќата промовираат спрега на науката и природата, а повеќето состојки во ресторанот пристигнуваат директно од нивната фарма.
Press Service
Другиот ресторан во оваа категорија е fine dining ARTEST - Chef's Table — новиот (отворен во февруари) ресторан на шефот на кујната Артјом Естафјев и ресторатерот Аркадиј Новиков. Естафјев неодамна се пресели во Москва од Санкт Петербург, но успеа наголемо да ја освои московската публика со својот пристап кон кулинарството. Тој става посебен акцент на локалните намирници, користејќи диви билки и ретки печурки.
Press Service
Press Service
Една ѕвездичка: Ова место вреди да се посети!
Седум ресторани во руската престолнина добија една Мишелинова ѕвездичка.
Меѓу нив се:
-ресторанот на авторска кујна „Selfie” на чело со шефот на кујната Анатолиј Казаков (на меѓународната листа на стоте најдобри шефови на кујна The Best Chef Awards 2021);
-ресторанот на руски деликатеси „Белуга“ во кој може да се пробаат дваесетина видови кавијар со импресивен поглед на Црвениот плоштад и мени на шефот на кујната Евгениј Викентјев.
Press Service
- ресторанот-винотека Grand Cru на Патријаршиские пруди со Давид Емерле на чело;
- познатиот панорамски ресторан White Rabbit во центарот на Москва со шефот на кујна Владимир Мухин и неговиот иновативен пристап кон руската кујна (25-ти на листата The World's Best 50 Restaurants);
Press Service
Press Service
- гастробистрото Biologie со внимателниот однос спрема природата и Екатерина Аљохина на чело на кујната.
BIOLOGIE
- ресторанот што ќе ве воодушеви со разновидната понуда на морски плодови „Сахалин“ (шеф на кујната Алексеј Когај);
- модерниот ресторан „Сава“ во рамките на историското здание на хотелот „Метропол“ во строгиот центар на Москва (Андреј Шмаков).
Press Service
Press Service
Зелени ѕвездички
Ова признание Мишелиновиот водич им го доделува на рестораните кои водат сметка за потрошувачката, фрлањето на храната, кои ја уважуваат сезоналноста. Зелена ѕвездичка во Москва добија рестораните Biologie (шеф на кујната Екатерина Аљохина), Twins Garden (Браќата Березуци) и ресторанот на северна кујна Bjorn (Никита Подерјагин).
Press Service
Добра храна за мали пари
15 ресторани во кои може убаво да се јаде за 2000 рубли (23 евра) се најдоа на листата BIB Gourmand. Меѓу нив се Севичерия, Delicatessen, Bjorn, Eva, Erwin.РекаМореОкеан, Flor, Жеральдин, Hibiki, Казбек, Lucky Izakaya bar, Рыбторг, Tilda, Ugolek, Vani и Uilliams.
Водичот на Мишелин препорачува уште 45 московски ресторани.