Моси – желе од риба
Онаму кадешто има толку многу риба, што од неа прават и десерт, неизбежно беше да се појави и желе од рибини крлушки и кожа. Удегејците (во 2010 година имаше само 1.500 припадници од овој народ) го подготвуваат рибиното желе на следниот начин: Кети (староседелци од Сибир, енисејски народ) сувата рибина кожа ја чистат од крлушки, додаваат млеко и ја готват на тивок оган дури не добијат желе. И тоа би било сè – јадењето е готово. Останува само врелото желе да се прелие во чинии, да се украси со бобинки, исечкани јатки, по што само треба да се почека мосито да се стегне.
Кивиак – фока полнета со морски птици (њорки)
Се загреавте ли? Тогаш преминуваме на нешто посебно – кивиак, празнично јадење на Ескимите. Тоа не е само деликатес, ами и арктичка „конзерва“ која им помага да се преживее за време на долгите поларни ноќи.
Ова е рецептот: да се земе фока или морж, да се отсече главата, да се расече и да се наполни трупот со ситни морски птици, таканаречени црни њорки. За време на подготовката нити на фоките, ниту на птиците не им се вадат внатрешните органи (на птиците дури и не им се корнат пердувите). Потоа разрезите на кожата на фоката се премачкуваат со маснотии и трупот се „конзервира“ под преса во студена јама од шест месеци до една и пол година. За тоа време њорките се скиселуваат во утробата на фоката со помош на црево.
Отстојаниот труп на фоката се откопува, се вадат птиците, се корнат директно на местото на гозбата и така се јадат, задолжително на отворено зашто има јак специфичен мирис. Во еден труп на фока може да собере околу 400 њорки.
Вилмулимут – скиселена крв
Ова име, кое е тешко да се изговори, северните народи го дале на густата крвава супа од внатрешни органи и отпадоци кои останале по колењето ирвас. Копитата, тукушто израснатите рогови и вилицата се ставаат во тенџере, се преливаат со вода и се оставаат 3-4 дена да се изгуби горчината. Потоа сето тоа се вари дури не омекне и не се згусне. Откако ќе се излади се додаваат парчиња црн дроб и бубрези и свежа крв, сето тоа се меѓа во вреќа од кожа или во тенџере, херметички се затвора и се става на темно место за да се изврши ферментација. Отстојаната чорба е подготвена за јадење по 30-45 дена.
Канига – содржина од желудник на ирвас
Најтешко е да се набави она што во чукотската, корјачката и ескимската кујна се нарекува „канига“, зашто таа фактички не е потребно да се подготвува. Тоа, во буквална смисла на зборот, е содржина од желудникот на северниот елен.
По колењето желудникот на ирвасот се вади и внимателно се расекува. Од него се вади сè уште топла грутка полуварена харана, лишаи, печурки сè што претходно изел еленот. Оваа маса во желудочен сок е всушност канига. Се јаде измешана со црвени офинки или со боровинки. Се смета дека помага за полесно варење мрсна храна и храна од месо, а богата е и со витамини кои не е лесно да се најдат во тундрата.
Муничебукеч – закиселени рибини глави
Муничебукеч или закиселени глави се јадење од рибини глави од евенкијската кујна. За јадењето се користат глави од кој било вид лосос. Од нив се вадат очите, шкргите и вилицата, се мешаат со црвен кавијар и се затвораат во херметички сад неколку дена. Оние што го пробале ова јадење го споредуваат неговиот мирис со кисела зелка.
Кујукта – ларви од подкожни муви
Човек отстрана најверојатно би рекол дека ова е „најжешко“ од сè што јадат определени автохтони народи од северот. Кујкутата се ларви на потожни муви, здодевни инсекти кои живеат како паразити на ирвасите. Женките положуваат јајца на крзното на ирвасот (тие цврсто се лепат за него). По неколку дена од нив излегуваат ларви кои се пробиваат под кожата и со месеци таму созреваат. Притоа животното чувствува страшно чешање, на телото излегуваат крвави места, можни се некрозни ткива, а во тешки случаи и смрт. Поради тоа користењето на ларвите во исхраната воедно е и начин да им се олеснат маките на елените и да се обезбеди протеинска ужинка. Од средината на летото кујкутата во исхранат ја користат овчарите.
Акутак – ескимски сладолед
Вистински ескимски сладолед не е сладолед на стапче од слатка павлака прелиена со чоколада („пломбир“), ами изматена маст од северни елени, моржеви или фоки со додадени бобинки и понекогаш шеќер. Самиот збор „акутак“ значи „измешано“.
Еве и еден од рецептите за акутак. Исечкана на мошне ситни парчиња маснотија од северен елен се топи на тивок оган. Потоа се меша со истопена маснотија од фока и добро се меша. Следниот чекор е додавањето свежи или замрзнати северни бобинки (морошки, боровници или црвени офинки) и уште еднаш се меша. Потоа се додава растресит снег и повторно сето тоа се меша и се остава да се замрзне.
Копаљхен – гладен ирвас во мочуриште
Ова е најопасен деликатес од северната кујна. Ако дојденец изеде копаљхен ќе се затруе и голема е веројатноста дека ќе почине.
Тоа е скиселено место од ирвас или од морж кое најмалку шест месеци има одлежано во мочуриште или во пермафрост (трајно замрзнатото тло). Ако копаљхенот се прави од ирвас (традиционално јадење на Ненејците), тогаш животно неколку дена претходно се остава да гладува за да се исчисти желудникот. Потоа еленот се дави, така што на кожата да не останат траги, и се потопува во мочуриште.
За тоа време животното почнува да се распаѓа, па на него се појавуваат микроорганизми кои постепено го менуваат составот на месото. Исто така се врши издвојување на токсични отрови од трупот. Мештаните јадат копаљхен од мали и нивниот организам е навикнат на него, но не е препорачливо ова јадење да го проба некој друг.
Прочитајте исто така: Смртоносно јадење кое ништо не им може на луѓето од Северот
Мантаж – китова кожа
Ова не е обична кожа. Ова е кожа од кир со слој розова маснотија која се подготвува како залиха. Мантак (кожа и сало од кит) во свеж вид се реди во слоеви во ископана јама во замрзната земја или, доколку е обарен, се реди во буриња со иван-чај, се прелева со вода и се користи назима. Мантакот не може да се купи, со него можат да ве послужат само жителите на Чукотка. Според Меѓународната конвенција која го регулира ловот на китови, во Русија нивниот лов им е дозволен само на северните народи и само за лични потреби.