1. Секач за зелка
Веројатно знаете дека Русите се големи љубители на кисела зелка и дека многумина од нив киселат зелка дома како што тоа го правеле нивните предци. На прв поглед, оваа направа изгледа малку застрашувачки, но со нејзина помош зелката се сече брзо и тенко. Таканаречената „сечка“ (или „тјапка“) е остар полукружен нож со дрвена рачка. Оваа справа ретко се наоѓа во кујните денес, иако сè уште се произведува за љубители.
2. Пиштол за пељмени
Alexander Ovchinnikov / TASS
За правење на омилените руски пељмени се потребни часови! Но, во советско доба беа измислени неколку справи кои ја олеснуваа оваа работа. Ова е една од нив и се нарекува „пиштол за пељмени“. Еве како се прави тоа: на половина од развиеното тесто обележете ги со пиштолот круговите за идните пељмени, а потоа ставете мелено месо во секој круг, поклопете го тестото со другата половина, притиснете го секое купче со „пиштолот“ и исфрлете ги пељмените. Звучи комплицирано, но кога ќе погледнете всушност е многу едноставно.
3. Модла за пељмени
Legion Media
Ваквите направи денес се многу почести отколку „пиштолите“ и исто така овозможуваат брзо да се направат голем број пељмени. Формите можат да бидат различни, не само за пељмени, туку и за манти (јадење на туркиските народи од полнето тесто). Оваа модла прави шестоаголни пељмени.
4. Апарат за кафе во автомобил
Boris Krishtul / TASS
Овој мошне редок апарат се произведуваше во 70-тите и 80-тите години за љубителите на кафе. Апаратот за кафе во автомобил се напојува со струја од запалката за цигари. Обично, покрај апаратот за кафе, се добиваат и две филџанчиња. Во упатствата исто така се наведува дека уредот може да се користи дури и за време на возењето!
5. Електрична скара за раженчиња
Zhan Graubits / TASS
Секоја пролет се отвора сезоната на скара во Русија. Луѓето се собираат на викендичките со пријатели и роднини и прават месо на скара. Но, што да правите ако немате дача или ако е времето премногу лошо? Советските пронаоѓачи за овие случаи направија необична електрична скара, на која раженчињата можете да ги подготвувате и дома!
6. Електричен самовар
Андреј Соломонов / Sputnik
Самоварите се произведуваат во Русија од средината на 18 век. Денес ретко се среќаваат во градовите, но и понатаму се произведуваат. Автентични самовари може да се видат на секој саем, додека електричните се користат во куќите и функционираат како чајници.
7. Кригла за квас
Владимир Вјаткин / Sputnik
Квасот е еден од најпопуларните пијалоци во Русија уште од старо време. Освежува во летните горештини и се пие разладен. Во минатото, квасецот се пиеше од необични чаши наречени квасники. Дупката во центарот служеше за ставање мраз што ќе го држеше пијалокот ладен. Овие кригли се прават и денес, но служат како сувенири, бидејќи секој има фрижидери за ладење.
8. Тава за колачи во вид на орев
Legion Media
Овој апарат наречен „орешница“ беше еден од најпопуларните во советската кујна. Денес сè уште може да се види во многу руски станови! Тоа е нешто како двострана тава за колачи во вид на орев. Колачите се полнети со варено кондензирано млеко. Поретко се сретнува и апарат за колачи во вид на печурки.
9. Апарат за манти
Legion Media
Крупни парчиња полнето тесто варени на пареа се нарекуваат „манти“ и се традиционално туркиско јадење, кое стана дел од советската кујна и е популарно и денес. За да се поедностави процесот на подготовка, советските дизајнери дизајнираа тиган на повеќе нивоа за пржење наречен „мантоварка“. Функционира слично како лонец на пареа, но има повеќе нивоа и отвор во средината кој овозможува подобра циркулација на пареата.
10. Сепаратор за жолчки од јајце
Оваа необична направа во советско доба се користеше за одвојување на белките од жолчките. Жолчката остануваше горе, додека белката поминуваше во садот.