Главен атрибут на новогодишната трпеза е салатата Оливје, во Македонија позната како руска салата. Да, тука во нашите земји традициите се совпаѓаат, рецептот на сите им е познат, иако се разликува од куќа до куќа, секое семејство има свои особености: некој користи месо, некој салама, некој додава кашкавал, а некој сенф, некој рендано јаболко. Една моја другарка ја јаде исклучиво со кисела павлака, а не со мајонез. Но, во секој случај веднаш се гледа дека станува збор за таа салата. Интересно е што во Македонија задолжително ја јадат со кифлички, а во Русија, од каде е дојдена салатата во другите земји, не.
Второ по важност јадење е салатата винегрет. Мошне лесна, освежителна, се состои само од зеленчук и е мошне лесна за подготвување. Ја обожавам!
Мошне е популарна салатата со сурими. Исто така е едноставна за подготовка, одзема малку време. Потребни ви се само: сурими, пченка, јајца и мајонез.
Во Русија за новогодишната трпеза задолжително се прави десерт, обично торта. Една од моие омилени торти е медената. Колку пати им ја имам правено на моите домашни (и во Русија и во Македонија) и многу им се допаѓа! Секако, не мора да се прави само за Нова година, ами и за други празници или едноставно така, за оние што сакаат слатко со кафе или со чај.
Сендвичи со црвен кавијар. Кавијарот е производ за љубителите, не им се допаѓа на сите, а згора на тоа во Македонија е тешко да се најде. Но, тој почна да се продава во продавниците за среќа на сите оние што едноставно го обожаваат. Во Русија е лесно да се најде, но тоа не е евтина работа, не за џабе е деликатес ☺
Мандарини. Да, колку и да звучи чудно, имено овие агруми станаа атрибут на рускат новогодишна трпеза. Секако, може да има и друго овошје, но мандаринте се must-have!
Шампањско. Имено со ова пенливо вино ја дочекуваме Новата година. Традицијата е следна: неколку минути пред да дојде Новата година најпрво на телевизија ја слушаме честитката од претседателот на РФ, потoа свири руската химна, а потоа ѕвоната на Кремљ (сето тоа е снимено, секако) бијат дванаесет, и в тој момент го отвораме и го налеваме шампањското и си ја честитаме еден на друг Новата година!
Среќна нова година, драги пријатели! Бидете здрави и среќни!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче