Два московски ресторана рангирани меѓу дваесетте најдобри на светот

Karl-Josef Hildenbrand/dpa/Global Look Press
Меѓу дваесетте најдобри ресторани на светот првпат се најдоа два руски ресторана, двата од главниот град, кои влегоа во изборот на The World’s 50 Best Restaurants.

Свеченоста на прогласувањето на најдобрите педесет ресторани на светот се одржа во Сингапур. Меѓу првите дваесет првпат влегоа два ресторана од Русија - московскиот White Rabbit, кој го зазеде 13-то место и Twins Garden (19-ти на листата).

Двата ресторана од рускиот главен град ги подобрија своите позиции во однос на минатогодишните резултати, па така White Rabbit за две места се искачи на листата, додека Twins Garden прескокна 53, пренесува весникот „Ведомости“.

Првпат меѓу најдобрите педесет ресторани на светот White Rabbit беше рангиран 2015 година кога се најде на 23. место. Ресторанот Twins Garden првпат влезе во проширената листа минатата година, кога го зазеде 72. место. Притоа во 2016 година меѓу најдобрите ресторани беше поранешниот угостителски објект на сопственикот на Twins Garden. 

За најдобар ресторан на светот е прогласен Mirazur во француското летувалиште Ментон, чиј шеф и косопственик Мауро Колагреко годинава ја доби третата ѕвезда на Мишелин. На второ место е ресторанот Noma од Копенхаген, а на третото шпанскиот Asador Etxebarri. 

На проширената листа која организаторите ја објавија една недела претходно, се најдоа уште три руски ресторани - московскиот Selfie (65. место) и петербуршките Harvest (92. на листата) и „Кококо“ (104. позиција).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња