Русите масовно почнаа да се префрлаат од чај на кафе

Vostock-Photo
Жителите на Русија сѐ почесто пијат кафе, па тоа доведе до двојно покачување на увозот на кафе во зрно во оваа земја. Повикувајќи се на податоците на Федералната царинска служба медиумите пренесуваат дека Русите почнале да консумираат 20 отсто повеќе кафе.

Само во првите седум месеци од оваа година увозот на сирово кафе „Арабика“ пораснал за 66, додека увозот на „Робуста“ е зголемен за 32 отсто.

Во Русија од почетокот на годинава до крајот на јули се увезени 64,4 илјади тони сирова „Арабика“ во вредност од преку 213 милиони долари и 57 илјади тони „Робуста“ (133 милиони долари). Исто така, увозот на пржено кафе од двата типа пораснал од 13 до 17 отсто.

Испораките на чај опаднале за 8 отсто. Иако чај и понатаму ја држи лидерската позиција, ситуацијата според експертските прогнози во наредните седум години би можела драстично да се промени.

„Побарувачката за кафе во Русија постојано расте. Просечната годишна потрошувачка по жител изнесува околу 800 грама. Ние, меѓутоа, сѐ уште заостануваме зад другите земји. Колку за споредба, во Германија овој показател изнесува 5 килограми, а во Финска 11. Рускиот пазар има потенцијал за раст, граѓаните би можеле да почнат многу повеќе да пијат кафе“, изјави генералниот директор на асоцијацијата „Росчајкофе“ (Росчайкофе) Рамаз Чантурија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња