„Петар I ги проверува знаењата на младите благородници кои студирале во странство“, дело на Јуриј Кушевски
Благородничките семејства не можеле да ја избегнат реализацијата на замислите на Петар. Неговите идеи биле нивна обврска. Најпрвин царот ги смислил таканаречените „цифрени“ училишта, каде учениците учеле геометрија, аритметика и писменост. Без ова училиште, младите благородници не можеле да се оженат. А во 1696 година царот издал указ за школување во странство. За да стекнат нови знаења, младите биле праќани во Англија, Италија и Холандија. Меѓу студентите имало претставници на угледните семејства Голицин, Куракин, Долгоруки, Шаховски, Волконски, Трубецкој.
Меѓу нив имало и луѓе од најблиското опкружување на Петар. На пример, неговиот собар Александар Меншиков заедно со царот се обучувал на бродоградилиштето во Амстердам, а грофот Петар Толстој, и покрај тоа што имал 52 години, самиот се пријавил за школување. Неколку години учел навигација во Венеција и се вратил дома како мајстор за едрење. А во 1721 година бил испратен во Константинопол како прв руски амбасадор со престој во странска земја.
Меѓу студентите на Петар, не сите гореле од желба за знаење, што понекогаш имало необични последици. На пример, Максим Спафариев на секој начин избегнувал да учи и на часовите како замена го праќал својот слуга, припадник на калмичкиот народ. Тој учел напорно и наместо него одел на бродовите. Сè одело без проблеми додека не дошло време да си вратат дома. Петар лично го испрашал младичот и многу брзо ја разоткрил измамата. На крај го испратил мрзливецот да служи како морнар на брод, додека слугата повторно добил можност да се школува, овој пат во Англија.
Царот Петар Велики на својата јахта
Amsterdam MuseumДенис Калмиков (царот му го дал ова презиме) го превел англискиот поморски правилник и кодекс на руски јазик, обучувал гардемарини (подофицери во морнарицата), за руските бродови смислил систем на сигнали за размена на информации со помош на знаменца, бил командант на Кронштатското пристаниште и се стекнал со чин контраадмирал.
Денис Калмиков
Ким ОљдаевПетар посветувал многу внимание на поморството и строго ги казнувал оние што се обидувале да избегнат да одат на море. Ништо подобро не поминале ниту критичарите кои верувале дека царот не треба да се занимава со столарскиот занает. Петар сакал да ги погуби и само интервенцијата на холандските власти им го спасила животот. Затоа вредните студенти добиле можност да изградат успешна кариера. На пример, Иван Непљуев бил испратен од Петербуршката поморска академија во Ревел (Талин), а потоа во Венеција и Кадиз, учествувал во Турско-венецијанската војна и бил капетан на бродови изградени во Санкт Петербург. Подоцна, Непљуев ги изградил утврдувањата од кои настанале Оренбург и Магнитогорск.
Иван Непљуев
П.Ф. Борељ, Л.А. СерјаковСтудентите заминувале во Европа не само заради егзактните науки, туку и во потрага по нов уметнички израз. Еден од најпознатите сликари од таа ера бил Андреј Матвеев. Се школувал во Холандија кај Арнолд Бонен, потоа на Антверпенската академија за уметности. Кога во 1727 година се вратил во Русија, работел во групата сликари на петербуршката Канцеларија за изградба. Прв меѓу руските сликари почнал да слика световни портрети и автопортрети.
Автопортрет на Андреј Матвеев со сопругата
Руски музејБил првиот што решил да украси храм со слики наместо со фрески. За Петропавловската црква ги насликал „Убедувањето на Тома“, „Молитвата за чашата“ (Молитва во Гетсиманската градина), „Тајната вечера“ и „Вознесение Господово“.
Петровите студенти, покрај морепловство, студирале и економија, медицина и други науки. На пример, Петар Постников, кој претходно во Русија завршил на Словенско-грчко-латинската академија, студирал медицина во Падова и бил првиот руски дипломиран лекар. Служел во Аптекарскиот Приказ (државен орган на ниво на министерство) и бил првиот преведувач на Куранот на руски јазик.
Петар Постников
Јавен доменЈаков Евреинов бил испратен од Петар во Холандија да учи трговија. Служел како конзул и дипломат, а кога се вратил во Русија, прво бил советник на Колегиумот за мануфактура (државен орган задолжен за развојот на индустријата), а потоа и раководител на Колегиумот за трговија.
Портрет на Јаков Евреинов (1723, дело на непознат уметник)
Третјаковска галеријаПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче