Загубил молив во вселената
Гагарин напишал само една забелешка во својот бродски дневник. По летот, одговарајќи пред комисија тој одговорил дека неговиот молив одлетал бидејќи се олабавил штрафот со кој што бил прицврстен за таблетот.
Прв медал со кој е награден по летот е за „Развојот на девствени полиња“
Гагарин слетал во регионот на Саратов, на земја наменета за девствени полиња. По него, многу други космонавти го имаат добиено овој медал, кој првенстено се доделувал на работниците на државни фарми или колективни задруги.
Неговите обожавател(к)и ги кинеле копчињата од неговата униформа
Првиот космонавт достигнал популарност на вистинска ѕвезда. За време на средбите, обожавателите се обидувале не само да го прегрнат херојот, туку и да си земат нешто негово за спомен. Обично тоа биле копчиња. По тавките средби, на космонавтот му зашивале нови копчиња на неговата униформа, а на патувањата тој секогаш носел количина на резервни копчиња.
Станал почесен поглавица на Африканско племе
По летот, Гагарин тргнал на голема турнеја околу светот. Во Либерија, се сретнал со претставници на племето Кпеле, кои што го избрале да им биде почесен поглавица.
Сакал да се шегува
"Во структурата на личноста преовладуваат друштвеност, оптимизам и здрав хумор,“ се вели во неговото досие во Министерството за одбрана. Многу негови пријатели и соработници велеле дека Гагарин сакал да се шегува. На пример, конструкторот Евгениј Шиљников во својата „Приказна за Гагарин“ го спомнува омилениот виц на Гагарин: „Лета врапче, лета, а во пресрет со голема брзина му долетува ракета. Врапчето извикнува: ‘Eј, зошто леташ толку бргу?’, а ракетата му одговара: ‘И ти би летал толку бргу кога би ти го запалиле задникот!’“.