Како болшевиците сакаа да испратат војска во Индија и да започнат револуција

Kira Lisitskaya (Photo: Яков Штейнберг/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru; Public domain)
„Патот до Париз и Лондон води низ градовите на Авганистан, Пенџаб и Бенгал“ – велеше Лев Троцки.

Летото 1919 година раководството на Советска Русија сериозно ја разгледуваше идејата за воена кампања до британска Индија. Лев Троцки и воениот заповедник Михаил Фрунзе предлагаа да се тргне во напад врз „англискиот империјализам“.

Од моментот кога дојдоа на власт во Русија болшевиците сонуваа „да го запалат пожарот на светската револуција“. Само што во Европа изгледите беа слаби, бидејќи сите револуционерни движења таму беа брзо и сурово згаснати.

Црвената армија, исто така, не можеше да ја разнесе на своите бајонети револуцијата во европските земји. Војната против Полска, имено, во тој момент се одвиваше многу неповолно за Русите.

Од друга страна, на истокот на земјата, болшевиците имаа повеќе среќа. Белогардејските сили на Александар Колчак претрпеа сериозен пораз таму и, како што сметаше Москва, повеќе не претставуваа закана.

„Нема сомнеж дека на азиските полиња на светската политика нашата Црвена армија е неспоредливо позначајна сила отколку на европските полиња“, тврдеше Троцки. „Патот до Индија би можел во овој момент да биде за нас пократок од патот до советска Унгарија“.

Лев Троцки, 1918.

Според Фрунзе и Троцки, на помош на „индуската револуција“ за почеток требало да се испрати коњанички корпус од 40 илјади сабји, а исто така некаде на Урал или во Туркестан (Средна Азија) да се основа „револуционерна академија, политички и воен штаб на азиската револуција“.

Меѓутоа, не се тргна во остварување на овие планови. Есента 1919 година белогардејците тргнаа во одлучувачка офанзива на сите фронтови, така што болшевиците го изгубија интересот за Индија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња