- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
– Кулите и ѕидините на Кремљ беа пребојувани и околу нив беа изградени дрвени „павилјони“ со нацртани прозорци;

Архивска фотографија
– Сите покриви на Кремљ беа обоени во црвенкаво-кафена боја, која е бојата на повеќето покриви во центарот на Москва, а над парковите беа раширени церади со нацртани куќи и улици;
– Калдрмата на улиците на Кремљ беше посипана со песок;

Архивска фотографија
– Златните куполи на црквите во Кремљ беа обоени и покриени со штици;
– Над Мавзолејот беше подигната макета на градска зграда од дрво (телото на Ленин беше евакуирано во Тјумен до пролетта 1945 година);
Архивска фотографија
– Најважните згради во центарот на градот, како што е театарот „Бољшој“, беа покриени со лажни фасади и мрежа за камуфлажа.
Alexander Krasavin / Sputnik
Московскиот Кремљ за време на Втората светска војна беше бомбардиран осум пати: 5 пати во 1941 година и 3 пати во 1942 година. Фашистите фрлија врз Кремљ вкупно 15 распрскувачки, две светлечки, 151 запалива и една „течна“ бомба (буре со 200 литри масло, кое не експлодираше). Арсеналот беше делумно уништен, 60 бранители на Кремљ загинаа.
Архивска фотографија
И покрај интензивната работа на ПВО, за време на војната непријателската авијација повеќе пати стигнуваше до Москва. Воздушните напади престанаа дури летото 1942 година, а само во бомбардирањата загинаа повеќе од 2000 луѓе, а повеќе од 6000 беа ранети.