Инаку, атмосферата на седницата беше толку вжештена што претседателот на Собранието Фредерик Боланд го скрши чеканот, удирајќи силно со него и повикувајќи ги присутните да бидат потивки. На дневен ред беше расправата за „унгарското прашање“, задушувањето на бунтот во Унгарија во 1956 година од страна на советските трупи.
Советската делегација на чело со Хрушчов се обидуваше на сите начини да ја осуети таа расправа, но Никита Хрушчов не удираше со чевелот по говорницата за време на неговиот настап. Меѓутоа, ако некаде сте виделе негова фотографија со чевел, знајте дека се работи за фотомонтажа. А што всушност се случи?
Фотографот на американскиот магазин „Лајф“ Џон Лонгард тврдеше дека Хрушчов „сигурно не удираше со чевелот по масата“, иако „сигурно се подготвуваше да го стори тоа“. Постои фотографија на која Хрушчов и Громико седат на своите места во Собранието и го слушаат преведувачот, додека на масата пред Хрушчов навистина има чевел врз кој тој ја ставил раката.
Според Лонгард, во тој момент Хрушчов со другата рака „покажуваше дека (следниот пат) ќе лупа со чевелот. Ве уверувам дека сите фотоапарати беа вперени кон Хрушчов, во исчекување тој да го употреби чевелот. Меѓутоа, тој си го облече чевелот и излезе. Никој од нас, сигурно, не би ја пропуштил можноста да го фотографира тоа, тоа би била недозволива професионална грешка“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче