- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Петар Ширшов беше првиот министер за морнарица во СССР, а неговата сопруга филмска ѕвезда во подем која глумеше во два успешни филма. Тие се запознаа во Москва во 1941 година, додека семејството на Ширшов беше во евакуација, а сопругот на Евгенија, поетот Јарослав Родионов, на фронтот (загина во 1943 година).
По евакуацијата Петар се разведе и остана со Евгенија, која во 1944 година роди ќерка.
Лаврентиј Берија, кој подоцна, по смртта на Сталин беше уапсен и погубен, беше еден од најозлогласените луѓе во тоа време. Тој исто така беше голем сладострасник која ја користеше својата моќ за да ја добие секоја жена што ќе ја посакаше. Кога во 1946 година ѝ го изнесе својот непристоен предлог на Евгенија Ширшова, актерката му удри шлаканица. Две недели подоцна таа беше обвинета за шпионажа.
Петар Ширшов не знаееше каде е неговата сопруга. Очајнички барајќи ја, се обрати лично до Сталин, но водачот го откачи, велејќи: „Ќе му најдеме друга жена.“ Сепак, Ширшов не престана да ја бара и успеа да ѝ ја намали казната. Таа доби „само“ 8 години во работен логор.
Во 1948 година Евгенија изврши самоубиство, пиејќи смртоносна доза на седативи во логорот во Магадан. Истата година нејзиниот сопруг беше разрешен од должноста во министерството. Почина од рак во 1953 година. Гаркуша постхумно беше рехабилитирана во 1956 година.
Нивната ќерка Марина Ширшова го посвети својот живот на науката. Живее во Москва.