Иван Москвин, дело на П. Павлинов
Издательство „Изобразительное искусство“, 1977По наредба на козачкиот атаман Дмитриј Копилов, на исток бил испратен одред под команда на Иван Москвитин. Тој требалое да ги истражи новите земји, да им наметне данок во натура на локалните жители на кои ќе наиде, како и да побара наоѓалишта на сребрена руда.
Козаците, освен тоа, имале задача да ги проверат гласините за „големото море-океан“ кое наводно се наоѓало на исток. Москвитин на почетокот на септември успешно го завршил тоа. Одредот на Иван Москвитин, кој се состоел од околу триесет козаци од Томск и Краснојарск, излегол „на големото море-океан“ и ја основал првата руска населба на брегот на Охотското море, на самиот север на денешниот Хабаровски крај.
За да излезе на море, одредот на Москвитин пловел 800 километри со чамци по Алдан, притока на Лена, а потоа осум недели спротиводно по реката Маја, притока на Алдан. Потоа козаците ги влечеле чамците на суво до реката Уља, а потоа по Уља за две недели допловиле до Охотското море. Меѓутоа, на патот ги чекала сериозна пречка. Тоа бил огромен водопад висок 12 метри. Таму морале да ги остават чамците и да го заобиколат водопадот, а потоа да продолжат пеш низводно. На устието на реката Уља, козаците на Москвитин во август 1639 година изградиле зимски камп - првата руска населба на брегот на Тихиот океан.
(5640 километри - тоа е растојанието од устието на реката Уља до ѕидините на московскиот Кремљ по воздушна линија. Модерен патнички авион оваа далечина ја прелетува за 6-7 часа, а на пешак би му требале 180-200 дена и ноќи да ја помине, под услов да не носи голем товар и да се движи по рамен и уреден пат.)
Русите биле силно импресионирани од морето и природата која се разликувала од сибирската тајга. Еден козак на Московитин подоцна му опишал на јакутскиот војвода Василиј Пушкин како се мрести тихоокеанскиот лосос: „А рибата е голема, во Сибир нема таква. Ја има толку многу што мрежата само се спушта и од мноштвото риби веќе не може да се извлече надвор. Реката е брза, а брзаците ја убиваат рибата и ја исфрлаат на брегот. Должи брегот таква риба ја има многу, како дрва . Ја јадат ѕверовите - видрите и црвените лисици...“
Козаците на Московитин дознале од тамошните Ламути, како што во тоа време Русите ги нарекувале Евенците, за „големата река Мамур“ (Амур), која тече на југ и наредната, 1640 година, пловеле речиси 1000 километри долж брегот на Охотското море покрај Шантарските острови и стигнале од Амурскиот влив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче