Кога британски подморници војуваа на страната на Русија?

Историја
БОРИС ЕГОРОВ
Тоа беше во Првата светска војна. На 26 октомври 1915 година, Британскиот адмиралитет испрати три подморници во Балтичкото Море со задача да ги потопуваат германските транспортни бродови кои превезуваа железна руда од Шведска.

Опасниот пат низ данските теснеци го поминаа само две. Подоцна им се придружија уште седум.

Британската флотила се најде под команда на руската Балтичка флота. На секоја подморница беше упатен по еден руски навигатор.

Најефикасн капетани на подморниците беа Френсис Њутн Алан Кроми, Макс Хортон и Ноел Лоренс. Првиот од нив потопи седум германски транспортни бродови за еден ден.

Хортон успеа да го оштети оклопниот крстосувач „Принц Адалберт“ и Лоренс борбениот крстосувач „Молтке“ и на тој начин да го спречи истоварувањето на германската војска кај Рига. Сите тројца капетани од рацете на царот Николај II добија Георгиевски крст од 4-ти ред.

За време на целата војна Британците изгубија две подморници во Балтичкото Море. Кога во март 1918 година болшевиците го потпишаа во Брест-Литовск сепаратниот мировен договор со Германците, седум британски подморници се наоѓаа во Финска.

Според мировните услови, подморниците требаше да им бидат предадени на Германците. Со цел да се спречи тоа, членовите на екипажите ги потопија своите подморници и преку Мурманск ја напуштија Русија.

Само Кроми не успеа да го стори тоа. Советските специјални служби го сомничеа за шпионажа. Капетанот загина на 31 август 1918 година во Петроград (Санкт Петербург) при обидот за апсење.