Американски ловец Lockheed F-80 „Shooting Star“.
Getty ImagesЗа волја на вистината, тогаш беснееше војната во Кореја, неколку стотици километри појужно, но на корејското небо сè уште не беа почнати воздушните битки меѓу советските пилоти со авионите МиГ-15 и американските со F-86. Се чинеше дека работниците на аеродромот Сухаја Речка и екипажите на 821-от борбен полк стационирани таму немаа за што да се грижат. И тогаш одеднаш се случи тоа бомбардирање.
Шест советски ловци на аеродромот беа оштетени, а еден целосно уништен. За среќа, немаше човечки жртви.
Иронијата е во тоа што американските авиони ги нападнаа сопствените ловци Bell P-63 Kingcobra, кои му беа дадени на Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна според Законот за заем и наем.
Советското раководство беше збунето. Не беше јасно дали се работи за грешка на пилотот или за почеток на Третата светска војна.
Николај Забелин, пилот на 821-от ловечки полк, напиша: „По нападот беше воведено борбено дежурство. Такво нешто се немаше случено откако заврши Втората светска војна. Деноноќно седевме во авионите или близу до нив. Се чувствуваше близината на војната...“
МиГ-15
Валентин Соболев/TASSВеќе следниот ден Советскиот Сојуз поднесе жалба до Обединетите нации во врска со американскиот напад на аеродромот.
Военото воздухопловство на САД наводно не планирало напад на советска територија. Целта бил севернокорејскиот аеродром во близина на Чонџин.
Меѓутоа, поради грешки во навигацијата, двата авиони се изгубиле и влегле во советскиот воздушен простор. Кога наишле на неидентификуван аеродром, американските пилоти мислеле дека тоа е нивната цел. Големите црвени петокраки на авионите не ги спречија бидејќи Американците мислеле дека тоа е знакот на севернокорејската авијација.
„Американците многу добро знаеја во кој правец летаат. Прелетаа 100 километри преку нашата граница со Кореја. Многу добро знаеја сè. Подоцна се измисли дека пилотите се млади, дека се изгубиле и слично“, пишуваше Николај Забелин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче