Американски ловци Р-63 и Р-39
Archive photo1. На Американците овој авион не им бил по волја. Ловецот Бел Р-39 Еракобра лошо се покажал на големи височини, каде било потребно следење на тешката „летачка тврдина“ В-17 и каде на Западниот фронт главно доаѓало до судир со асовите на Луфтвафе. Со оглед на тоа што немале ништо против да се ослободат од своите Еракобри, западните сојузници масовно му ги испорачувале на Советскиот Сојуз во рамките на програмата врз основа на Законот за заем и за наем. Советската авијација вкупно добила речиси 5 илјади вакви авиони, над половина од вкупниот број произведени летала од овој тип.
3. Во Советскиот Сојуз кон Р-39 имале сосема поинаков однос. Во воздушните битки на ниски и на средни висини, кои биле карактеристични за Источниот фронт, овој ловец бил незаменлив. Необичната конструкција на авионот со мотори зад пилотската кабина, му давала одлични маневарски способности, брзина, аеродинамичност и добар преглед. Од друга страна, ова го правело нестабилен, тежок за управување, така што секоја грешка можела да доведе до паѓање во ковит. Еракобра не бил авион за почетници, ами за веќе искусни пилоти.
3. Советските пилоти биле воодушевени од топот со калибар од 37 милиметри на ловецот (кај претходните модели топот бил со калибар од 20 милиметри). „Мошне моќна муниција. Обично е доволен само еден погодок на непријателскиот авион и... готово!“, се сеќаваше пилотот Николај Голодников. „Освен тоа, не гаѓавме само ловци, ами и бомбардери и бродови. За тие цели 37-цата беше мошне ефикасна“.
4. Еракобрите беа мошне послушни при слетувањето и при возењето по мокри и снежни аеродроми. Додека на Западниот фронт или на Тихиот океан тоа не беше од пресудни значење, во СССР со неговата сурова клима тоа беше голема предност.
5. Особен проблем претставуваше вратата на авионот. Таа кај Еракобра изгледа како кај автомобил. Пилотот можел удобно да седне во авионот на земја, но при вонредно напуштање на леталото постоел ризик да удри од опашните крила. Поради тоа советските пилоти останувале што е можно подолго во оштетениот авион, обидувајќи се да го спуштат на писта. Треба да се истакне дека за тоа имале добри шанси. Р-39 бил исклучително жилав. Неретко од битките се враќале авиони изрешетани со куршуми до таа мера што на нив немало неоштетен дел.
6. На 9 септември 1942 година во реонот на Мурманск поручникот на гардата Ефим Кривошеев го извел првото воздушно таранирање на Еракобра. Со оглед на тоа што ја потрошил сета муниција, видел дека под опашката на авионот на неговиот командир Павел Кутахов му приоѓа „Месершмит“. Не размислувал долго, ами се забил во непријателскиот ловец и го спасил колегата по цена на сопствениот живот.
7. Иако многу барал, сепак ефикасниот Р-39 бил наменет за најдобрите меѓу најдобрите и главно го добивале гардиските единици. На американскиот ловец летале водечките советски асови: Александар Покришкин, Григориј Речкалов, Александар Клубов, Николај Гулаев, браќата Дмитриј и Борис Глинка. Покришкин, втор според резултатите меѓу сите пилоти на ловци на сојузниците, од него соборил 48 од 59 непријателски авиони кои ги уништил, а Речкалов 50 од 56. Дури и кога пред крајот на војната советската авијација почнала да добива побрзи авиони со подобри маневарски способности, многу советски пилоти продолжиле да летаат на своите Еракобри кои никогаш не ги изневериле.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче