Трагедијата се случила во вечерните часови на 29 септември 1957 година во затворениот град Чељабинск-40 (денешен Озјорск) во близина на градот Киштим. Во хемиската фабрика „Мајак“ експлодирал резервоарот со радиоактивен отпад. Во моментот на несреќата немало жртви, бидејќи експлозијата се случила во недела, неработен ден.
Хемискиот комбинат „Мајак“ во првите години од работењето
Експлозијата ја слушнале многумина во округот, но не ѝ придавале никаква важност, бидејќи на тоа место се одвивала изградба. Следниот ден луѓето, како и обично, тргнале на работа и многумина од нив веднаш биле испратени на задачи за отстранување на последиците од несреќата. Некои помагале да се обложат тракторите и другата опрема со оловни листови, а некои ги расчистувале урнатините во комбинатот.
Како резултат на експлозијата, облакот радијација се проширил илјадници километри наоколу, но речиси целиот радиоактивен материјал паднал на територијата на комбинатот.
Три недели подоцна биле ликвидирани 23 села во непосредна близина на комбинатот, куќите биле срамнети со земја. Личните работи на жителите биле закопани во јами, бидејќи покажувале високо ниво на радијација. Локалните жители - 12 илјади луѓе - биле раселени на други локации. Не им била соопштена причината за преселбата.
Овој терен и денес е загаден и ненаселен. Тоа е само пустелија со напуштени објекти.
Како што на крај заклучи комисијата задолжена за истражување на овој случај, експлозијата настанала поради дефект на системот за ладење на резервоарот за складирање отпад, што довело до „сушење на растворот од радиоактивни супстанции“. Вината му се припишува на директорот на комбинатот, кој во тоа време бил во Москва. Тој беше сменет. Други казни не следеа.
Сé до 1989 година несреќата се чуваше во тајност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче