Поплавите во Москва се споменуваат за прв пат во летописите од XV век. Наглото зголемување на нивото на водата се опишувало со двосмислениот термин „голема вода“. Во хрониките е забележан невиден наплив на вода и изрази на жалење: „таква каква што никогаш немало“.
Со цел пролетта со задолжителното излевање на реката повеќе да не претставува закана за жителите на градот, одлучено е да се изгради систем за одвод на вода во Москва. Најпрво реката Неглинка била прескопана од Боровицката кула во Кремљ до реката Москва. А потоа започнало создавањето на вештачки езера и брани.
Но, тоа не можело секогаш да ја спречи несреќата. Во XVI век, поради обилните дождови, градот неколку пати наликувал на Венеција. Есента 1551 година, кога снегот веќе паднал и мразот почнал да ги заледува реките, дождовите го подигнале нивото на водата како што обично се случувало на пролет. И на почетокот на зимата 1564 година, поради ненадејните долги дождови неколку недели пред Божик, жителите на Москва се движеле низ градот со чамци.
Излевање на реката Москва, Евгениј Столица
Јавен доменПролетта 1655 година, наместо да се радуваат на светлиот Велигден, жителите на Москва се обидувале да си го спасат имотот. Водата толку многу ги преполнила реките, што се претвориле во бесни порои кои носеле сé пред себе. Дрвените куќи се распаѓале под налетот на водата како играчки, водата ги корнела дрвјата. Поројот стигнал сé до Кремљ на ридот. Неговите камени ѕидини не издржале и испукале под налетот на стихијата.
Во 1702 година, Германската населба (денешниот реон на метро-станицата „Бауманска“) практично била целосно поплавена. Ненадејната поплава предизвикала нагло топење на снегот и мразот. Повторно движењето било можно само со пливање или на коњ, но со голема претпазливост. Водата била длабока над еден метар, така што нозете на јавачот постојано тонеле во немирниот порој.
Кремљ и реката Москва, гравура
Јавен доменПоплавите што се случувале неколку пати годишно му нанесувале сериозна штета на градот. Големиот камен мост кај ѕидините на Кремљ, на кој имало тезги, мелници и крчми, често бил оштетен. Во 1783 година поплавата однела три свода на мостот: единаесет тезги се срушиле во водата, а нивните остатоци убиле две жени кои переле алишта кај мостот, еден рибар и еден случаен минувач.
Несреќата што редовно го погодувала градот поради поплавите ги натерала луѓето да бараат технички решенија за одвод на водата и безбедност на граѓаните. Така настанал каналот кој ја заштитил територијата на Остоженка и Јакиманка од поплави.
Сепак, реката Москва продолжила да им приредува непријатни изненадувања на граѓаните. Во 1823 година, за два дена реката достигнала ниво од 8,5 метри и ја поплавила Кремљовскатља (Александровската) градина. Подрумите и приземјата на куќите се претвориле во аквариуми, а наместо кочии, на улиците повторно се појавиле чамци.
Најголемата поплава се случила во 1908 година, кога реката Москва пораснала за 8,9 метри.
Поплавата 1908 година во околината на Кремљ
Јавен доменВесникот „Руское слово“ пишувал дека „целиот простор меѓу Москва и каналот правеше оригинална сцена преполна со необична убавина. Особено убаво изгледаше реката меѓу мостот Москворецкиот и Камениот мост.
Улицата „Пјатницкаја“, 12 април 1908.
Јавен доменОд една страна, во водата тонеле ѕидините на Кремљ, силно осветлени од електрични светилки, а од друга, во неа се огледуваа прекрасните згради и вили на Софискиот кеј“.
Поплавата 1908 година во околината на Кремљ
Јавен доменЅидините на Кремљ ги заплиснувала водата на височина од 2,3 метри, биле потопени островот Болотни, поголемиот дел од реоните Замосковоречје, Дорогомилово и Лужники. Во центарот на градот се раширило море кое ги проголтало ниските згради.
Павелецката железничка станица 1908 година
Јавен доменЗа да им се помогне на оние што ќе паднеле во водата, од мостовите биле спуштени јажиња со јамки за кои луѓето можеле да се фатат. Возовите повеќе не поаѓале од железничките станици, почнале проблемие со снабдувањето со електрична енергија. Градот потонал во мрак.
Новодевичиот манастир 1908 година
Јавен доменВо XX век Москва доживеа уште неколку поплави. Во 1926 година, и овој пат на Велигден, под вода се најдоа реоните Замоскворецје и Хамовники.
Киевската железничка станица 1926 година
Јавен доменНивото на водата порасна за 7,3 метри и се задржа така неколку дена. Последен пат градот беше поплавен во 1931 година, додека оттогаш водната стихија се наоѓа под контрола.
Поплавата 1931 година
Јавен доменПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче