- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Еден мајски ден во 1842 година, од Арсеналот во Царско село изјавале 16 витези во оклоп, придружувани од прекрасни дами. Полека тргнале кон Александровскиот дворец. Таму нивните придружнички ги зазеле своите места на колонадата на дворецот, додека јавачите продолжиле да се движат во круг, изведувајќи комплексни јавачки фигури.
Не, во Царско село не се отворил временски портал и таму не се појавиле витези од бајките. Во коњаникот што јавал пред другите лесно можел да се препознае царот Николај I. На него блескал оклоп од времето на владетелот на Светото римско царство Максимилијан. Јавачите носеле вистински оклопи што се чувало во Арсеналот, додека за дамите биле сошиени двојни фустани од плиш и брокат во средновековен стил. Поворката ја следеле од хералди и музичарите на гардата на Кирасирскиот полк.
Настанот со свечената поворка и витешкиот натпревар, кој го следеле царицата Александра Фјодоровна и дворските дами, се викал „карусел“. Учесниците на овој турнир се облекувале по дадена тема и, како во Средниот век, се бореле со долги копја или дрвени палки и се натпреварувале во фрлање копје.
Од каде витешки турнири во Русија? Сакате да знаете зошто ги приредувале? Во право сте, сé почнало поради една жена. Имено, прва почнала да приредува турнири Екатерина II. Внукот на царицата Николај I бил голем вљубеник во витешката култура. За него каруселите не биле само забава, туку и добра воена обука. Затоа станале задолжителен дел од обуката на коњаничките полкови.
Каруселот во Царско село бил посебен. Тоа не бил само турнир, туку подарок од царот за Александра Фјодоровна по повод 25-годишнината од бракот. Како и нејзиниот сопруг, и таа ја сакала витешката култура и го обожавала англиските и германските романи на оваа тема. Дури и семејниот прекар на царицата – Бланшафур – потсетувал на оваа нејзина пасија. Ја нарекле „Бела роза“, меѓу другото, и поради сличноста со главниот лик од романот „Волшебниот прстен“ на Фридрих де ла Мот.