Катастрофалниот почеток на војната против нацистичка Германија го шокираше советското општество. Сите веруваа дека Црвената армија лесно ќе го запре и ќе го потисне непријателот на негова територија. Наместо тоа, војската трпеше тешки порази и постојано отстапуваше кон исток.
Некој мораше да одговара за неуспесите, така што во Вооружените сили веднаш почна „лов на вештерки“. Многу советски команданти беа уапсени и стрелани под обвинение за „кукавичлук“, „предизвикување паника“ и „напуштање на стратешките позиции без дозвола од командата“.
Најголем удар е зададен на командата на Западниот фронт, каде што во јуни и јули 1941 година Црвената армија беше поразена во битките за Бјалисток и Минск. Беа егзекутирани командантот на фронтот, началникот на штабот, началникот за врска, началникот на артилеријата, командантот на воздухопловните сили на фронтот и низа други команданти.
Генералите не беа репресирани само поради пораз на фронтот. Уште пред почетокот на војната беа покренувани постапки за нивно учество во „антисоветски заговор“, а смртни пресуди им беа изрекувани кога војната веќе беше во полн ек.
Највисоките чинови повеќето се репресирани во најтешкиот период за Советскиот Сојуз, т.е. во 1941 и 1942 година. По смртта на Сталин, сите стрелани команданти се рехабилитирани.
1. Началникот на штабот на Северозападниот фронт (пред војната на Северозападниот посебен воен округ), генерал-потполковник Петар Кљонов, уапсен е по неуспешниот обид на советските трупи да го запрат пробивањето на Вермахтот во балтичките држави на почетокот на војна.
Петар Кљонов
Public domainОбвинет е за учество во „десничарска троцкистичка организација“ и „неактивност во раководењето со трупите на округот“. Стрелан е на 23 февруари 1942 година.
2. По поразот на главнината на силите на Западниот фронт во битките кај Минск и Бјалисток во летото 1941 година, уапсени се командантот на фронтот, генерал Дмитриј Павлов, и голем број високи офицери под негова команда. Сите се обвинети за „кукавичлук, самоволно напуштање на стратешките позиции без дозвола на врховната команда, за неактивност и хаос во командниот систем“.
Командири на Работничко-селанската црвена армија (РККА), 1940. Павлов е прв од лево.
Public domainПавлов е стрелан на 22 јули 1941 година, заедно со својот началник на штабот генерал-мајор Владимир Климовски, началникот на фронтот, генерал-мајор Андреј Григорјев и командантот на 4-та армија Александар Коробков.
3. Началникот на артилеријата на Западниот фронт (пред војната - Западниот посебен воен округ), генерал-полковник Николај Клич, обвинет е за „криминална неактивност и небрежност, како резултат на што артилеријата на округот не беше подготвена за борбени дејствија, поради што во првите денови од војната најголемиот дел од артилеријата на Западниот фронт и муницијата падна во рацете на непријателот“. Стрелан е на 16 октомври 1941 година.
Генерал-потполковник Николај Клич
Public domain4. По самоубиството на командантот на Военото воздухопловство генерал-мајор Иван Копец, што се случи на првиот ден од војната на 22 јуни 1941 година, на испразнетото место е поставен неговиот заменик, генерал-мајор на воздухопловните сили Андреј Тајурски.
Генерал-мајор на авијацијата Андреј Тајурски
Public domainМеѓутоа, на 2 јули, Тајурски е сменет и обвинет за неисполнување на обврските, поради што трупите под негова власт претрпеа големи загуби во жива сила и материјални средства. Стрелан е на 23 февруари 1942 година.
5. Генерал-мајор Николај Гловацки, командант на 118-та дивизија, обвинет е за повлекување на трупите на другата страна на реката Велика за време на борбите за Псков во јули 1941 година, што ги извршил без писмена наредба од командантот на 41-та стрелечки корпус, генерал-мајор Иван Кособуцки.
Генерал-мајор Николај Гловацки
Public domainГловацки тврдеше дека добил усна наредба да го стори тоа, но Кособуцки не го потврди овој факт. Војсководецот е стрелан на 3 август истата година.
6. На почетокот на 1941 година, генерал-мајорот на авијацијата, пробниот пилот Александар Филин, остро го критикува раководството на советската воздухопловна индустрија, поради што еуапсен на 23 мај истата година.
Генерал-мајор на авијацијата, пробниот пилот Александар Филин со семејството, 1931. Фотографија на М. Калашников
Public domainОбвинет е за „саботажа“ и „антисоветска агитација и пропаганда“. Филин е стрелан на 23 февруари 1942 година.
7. На самиот почеток на војната, 14-от механизиран корпус претрпе големи загуби во жива сила и техника за време на борбените судири на подрачјето на Брест и Кобрин. Поради оваа причина, на 8 јули е уапсен командантот на корпусот, генерал-мајор Степан Оборин.
Портрет на генерал-мајор Степан Оборин
Public domainОсуден е на смрт и стрелан на 16 октомври 1941 година „за криминално небрежен однос кон службената должност што доведе до губење на персонал и имот“.
8. Доцентот на Артилериска академија „Ф. Е. Ѕержински“, генерал-мајор Макариј Петров, уапсен е на 30 јуни 1941 година за „антисоветизам“ и „учество во антисоветски воен заговор“.
Генерал-мајор Макариј Петров
Public domainОсуден е на смрт со стрелање на 13 февруари 1942 година. Казната е извршена десет дена подоцна.
9. Заменик-началникот на штабот на Военото воздухопловство на Работничко-селанската Црвена армија, генерал-мајор на авијацијата Павел Јусупов, уапсен е на 17 јуни 1941 година, само пет дена пред почетокот на војната против нацистичка Германија.
Генерал-мајор на авијацијата Павел Јусупов
Public domainОбвинет е за учество во антисоветска завера и стрелан на 23 февруари 1942 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче