Зошто Италија во Втората светска војна се бореше против СССР?

Италијанскиот експедициски корпус за време на посетата на Мусолини на фронтот.

Италијанскиот експедициски корпус за време на посетата на Мусолини на фронтот.

Legion Media
Адолф Хитлер не планираше да го вклучи својот главен сојузник во „крстоносната војна против болшевизмот“. Тој веруваше дека Рим и без тоа има многу проблеми.

Италијанците мораа да држат на готовност големи окупациски сили на Балканот и во Франција.

Генерал Малагути со италијански офицери. Русија 1942.

Тие практично целосно ги загубија своите колонии во источна Африка, а во северна Африка преживеаја само благодарение на германските трупи на генералот Ервин Ромел.

Италијанскиот Експедициски корпус парадира пред Мусолини и германското воено аташе во Рим пред заминувањето во војна против Советскиот Сојуз, почеток на јули 1941.

И покрај тоа, Бенито Мусолини го убеди Хитлера да им даде на неговите војници шанса да учествуваат во операцијата „Барбароса“.

Италијански елитни стрелци (берсаљери) на мотоцикли во предградието на градот Сталино (Донецк).

Според шифрираната телеграма на советскиот разузнавач Анатолиј Горски објавена во 2020 година, Дуче се надевал дека по уништувањето на СССР „ќе добие посебни права на воспоставување италијански протекторат во југозападниот дел на Русија“.

Италијански берсаљери во Русија 1942 година.

Меѓутоа, додека Финска и Романија можеа да сметаат на свој дел од огромниот советски колач, Мусолини никогаш не доби некакви конкретни ветувања од водачот на Третиот Рајх.

Италијански војник кај Харков, Русија.

Италија веќе на 22 јуни 1941 година му објави војна на Советскиот Сојуз, а во август испрати експедициски корпус од околу 60000 војници. Следната година врз иста основа беше распоредена 8-та армија.

Противтенковската дивизија „Сфоресца“ отвора оган, Русија.

Излезе дека Италијанците се целосно неподготвени за војна. Имаа огромни проблеми со оружјето, транспортот и снабдувањето.

Трупови во снег. Повлекување од Донскиот фронт, декември 1942 – јануари 1943.

Кон крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година тие претрпеа страшен пораз од Црвената армија на Дон. Набргу потоа, исцрпените италијански трупи итно беа вратени во татковината.

Италијански трупи во Русија.

На Источниот фронт се убиени, заробени или исчезнати 114000 италијански војници. Фијаското на 8-та армија го шокираше италијанското општество и беше една од главните причини за брзиот пад на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

Руски трупи на Дон со запленето знаме на италијански полк.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња