Единиците на ЦСИР на смотра за време на посетата на Мусолини на рускиот фронт.
Legion Media„Кога италијански војник војува поради нешто, тогаш тој не е лош воин, како во времето на Гарибалди. А, во оваа војна војниците не само што не знаат за што војуваат, ами не ја ни сакаа и не ја сакаат оваа војна. Поради тоа тие само мислат за тоа како ќе се вратат дома“, вели еден берсаљери (елитен стрелец) од дивизијата „Принц Амедео војвода од Аоста“ што Бенито Мусолини летото 1941 година ја испрати на Источниот фронт.
Италијанскиот Експедициски корпус парадира пред Мусолини и германското воено аташе во Рим пред заминувањето во војната против Советскиот Сојуз, почеток на јули 1941 година.
Getty ImagesИталија му објави војна на Советскиот Сојуз истиот ден кога започна операцијата „Барбароса“, односно на 22 јуни 1941 година, но во единиците кои тогаш влегоа на територијата на Русија немаше Италијанци. Адолф Хитлер на почетокот не планираше да го ангажира својот најважен сојузник во „крстосувачкиот поход против болшевизмот“. Фирерот сметаше дека Италија и онака има доста свои проблеми, со оглед на тоа дека држеше големи окупациски сили во Албанија, во Грција и во Југославија, и дека ги изгуби речиси сите територии во источна Африка, додека во северна Африка Италијанците се одржаа исклучиво благодарение на поддршката на германските единици на генералот Ервин Ромело кои стасаа на време. И покрај тоа, Мусолини го убеди Хитлер да им даде шанса на Италијанците да се покажат во борбата против Русите.
Генералот Малагути со италијански офицери, Русија 1942 година.
Paxox(CC BY-SA 4.0)Првите италијански војници стасаа на Источниот фронт во август 1941 година. Таканаречениот Експедициски италијански корпус во Русија (Corpo di Spedizione Italiano in Russia, CSIR) броеше над 62.000 лица, вклучувајќи и шест стотини италијански „есесовци“, односно црнокошулаши и припадници на Доброволната милиција за национална безбедност (Milizia Volontaria Per La Sicurezza Nationale), кои му беа целосно предани на режимот. Поддршка од воздух им даваше 51 ловец Macchi C.200 "Saetta" на кралското воено воздухопловство.
Италијански елитни стрелци (берсаљери) на мотоцикли во предградието на Сталино (Донецк).
Public domainВеќе во првата недела од учеството ЦСИР во воените операции на територијата на СССР покажаа дека Италија воопшто не е подготвена за оваа војна. Снабдувањето со провијант, униформа и муниција беше мошне лошо организирано. Војниците од дивизијата „Торино“ беа принудени од романската граница да пешачат 1.300 километри на исток, и самите себеси се споредуваа со средновековните пешадинци од ниските сталежи кои германските коњички господа ги повеле во војна.
Италијански берсаљери во Русија во 1942 година.
Public domainПосебен проблем беше вооружувањето на италијанскиот корпус. Излезе дека противтенковските топови со калибар од 47 милиметри можат малку да го оштетат рускиот тенк или едноставно се одбиваат од него и прават рикошет. Од оклопната техника Италијанците поседуваа само 60 танкети L 33/35 кои не можеа да се впуштат во рамноправна борба против тенковите на Црвената армија. Кога стегна мразот ловечките авиони исто така почнаа да откажуваат. Macchi C.200 е конструиран за средоземното боиште, а не за руската зима.
Мусолини контролира четири топа пред да ги испрати со првата дивизија војници на рускиот фронт. 1941 година.
Getty ImagesСите овие фактори доведоа до тоа италијанскиот корпус да предизвикува постојано незадоволство во командата на групата армии „Југ“ на која ѝ се потчинуваше. Италијанците имаа неколку успешни локални операции (како што е победата во „Божиќната битка“ на 26 декември 1941 година на реката Мијус), но Германците немаа високо мислење за нив како војници. „Поради ниската борбена подготвеност на италијанските дивизии тие, за жал, можат да се користат само за пасивно покривање на крилото во заднина“, пишува во својот воен дневник началникот на Генералтштабот на копнените сили Франц Халдер.
Противтенковската дивизија „Сфоресца“ отвора оган, Русија.
Public domainПоинаква беше ситуацијата со кралската воена морнарица на Италија, која Германците многу ја фалеа. Една од најефикасните специјални единици во Втората светска војна беше Десеттата флотила на МАС. Таа активно дејствуваше во Црното море, каде нејзините торпедни чамци заедно со џуџестите подморници и диверзантски групи успешно се бореа против советските единици и флоти на Крим. Италија неколку вакви чамци испрати дури и на далечниот Балтик.
MAS 528, еден од главните протагонисти на акцијата на Ладошкото езеро. MAS 527 и MAS 528 под контрола на поручникот С. Бечи во август 1942 година потопија руски канонерски брод и транспорт натоварен со муниција.
Public domainИталијанците кон локалното население и кон заробениците од Црвената армија беа далеку похумани од Германците, Унгарците и Романците. „Во рани зори на 21 октомври 1941 година во градот веќе беше стасана италијанската војска“, напиша подоцна Екатерина Матејчук (Гајдук) од украинскиот град Красноармејск: „Ние децата трчавме да гледаме колку им е убава униформата: беретки со пера со јарки бои, акселбендери... Ништо страшно не се случуваше додека беа тука. Но, Италијанците набргу заминаа, а тогаш во градот се појавија Германците и почнаа да прават ѕверства. И тогаш, секако, ја почувствувавме разликата...“ Италијанците се обидоа да се дистанцираат од бруталните методи на своите сојузници, но патот по кој ЦСИР мина низ СССР исто така е обележан со цела низа воени злосторства – убиства на цивили, силувања, пљачкосувања и уривање на инфраструктурата.
Италијански војници кај Харков, Русија.
Германски сојузен архив (Бундесархив)До летото 1942 година Експедицискиот корпус изгуби околу 15.000 војници, односно една четвртина од своите сили. Мусолини одлучи во голема мера да го зајакне својот воен контингент во СССР, и поради тоа во јули врз база на овој корпус е формирана Осмата армија, позната како Италијанска армија во Русија (Armata Italiana in Russia, ARMIR). Броеше 235.000 војници. Меѓутоа, проблемите со снабдувањето и со вооружувањето и понатаму не беа решени. Стаса мала група од 19 лесни тенкови L6/40, но тие не беа значајна ударна сила и затоа на силите на АРМИР периодично им беа додавани германски тенковски единици.
Тенкот L6/40
Public domainНабрзо по затворањето на обрачот околу Шестата армија на Вермахтот кај Сталинград во ноември 1942 година советските единици тргнаа на Осмата италијанска армија која беше поставена на Дон. Италијанците беа столчени во неколку офанзивни операции во декември и во јануари. Тенкистите од 18 тенковски корпус на Сергеј Отрошчеников подоцна го опиша ненадејниот напад на единиците на италијанската армија во повлекувањето кое успешно беше изведено во близина на селцето Петровски: „Кога истурените италијански единици се израмнија со нас, се зачу (по тенковските колони) команда 'Напред! Гази!'. Е, тогаш ги столчивме од обете крила! Јас никогаш претходно немав видено таква кланица. Италијанската армија беше буквално срамнета со земја... Беше зима, нашите тенкови на почетокот белееја од слана... А, кога излеговме од борбата беа црвени под куполата, небаре пливале во крв. Ги погледнав гасениците, некаде се залепила рака, некаде парче череп“.
Трупови во снег. Повлекување од Донскиот фронт, декември 1942 – јануари 1943 година.
Getty ImagesПовлекувањето на АРМИР од Дон личеше на бегството на Наполеоновата Голема армија од Русија во 1812 година. „Исцрпените луѓе паѓаа во снегот, и повеќе не може никогаш да станат“, пишува подоцна офицерот на дивизијата „Пасубио“ Еуџенио Корити. Организиран отпор периодично даваа сами алпските стрелци, кои го покриваа повлекувањето на своите соборци.
Италијански единици во Русија.
Getty ImagesВо борбите што се водеа во Русија Осмата италијанска армија изгуби над 114.000 луѓе, некои убиени, некои ранети и исчезнати. Не постигнувајќи никаков успех, проретчената војска беше вратена дома пролетта 1943 година. Катастрофата на АРМИР го шокираше италијанското општество и беше една од главните причини за молскавичниот пад на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини во Италија.
Руски единици на Дон со запалено знаме на италијански полк.
Getty ImagesПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче