- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
До осумгодишна возраст, Фјодор Махнов (1878-1912) од Витепската губернија се развивал како обично момче, а потоа почнал забрзано да расте. До 14-годишна возраст веќе достигнал два метри во височина, но не запрел на тоа.
Hulton Archive / Getty Images
Кога неколку години подоцна Махнов бил поканет да работи во циркус, тој веќе бил висок 239 сантиметри. Според некои сведоштва, Фјодор бил многу повисок - 285 сантиметри. Меѓутоа, таквото претерување веројатно се должи на желбата на организаторите на циркуските претстави да привлечат што повеќе публика.
Јавен домен
Џинот ги привлекувал гледачите не само со својата висина, туку и со својата сила. Лесно кршел тули со рацете, виткал железни шипки и повторно ги исправал.
Како дел од циркуската трупа, Махнов бил на турнеја низ цела Европа и Северна Америка. За време на турнеите се сретнал со претседателот на САД Теодор Рузвелт и својот колега - „Кардифскиот џин“ Џорџ Огер (226 см).
Јавен домен
Фјодор бил оженет со селската учителка Ефросинија Лебедева, која не била повисока од два метри. Имале пет деца, но ниту едно од нив не можело да се пофали со висината на својот татко.
DEA/Biblioteca Ambrosiana / Getty Images
Последните години од животот Махнов ги поминал во својата татковина на имотот во близина на Витебск (на територијата на денешна Белорусија) што самиот го купил, а кој локалните жители го нарекле „Џиновиот салаш“. Починал во 1912 година на 34-годишна возраст од непознати причини.