Зошто советските деца носеа централноазиски капчиња тјубетејки?

Дмитрий Воздвиженский, Нина Свиридова; Иван Шагин /МАММ / МДФ/Russia in photo
Деца со тјубетејки може да се видат на фотографии направени во периодот од 1930-тите до 1970-тите. Ова капче е елемент на народналната носија на народите од Централна Азија, Поволжјето и Предуралието. Меѓутоа, во СССР стана популарно и надвор од границите на националните републики.

Тјубетејка се носеше и во Москва и во Ленинград. Ова обележје на епохата може да се види во советските филмови: „Знамиња на кулите“ (1938), „Случајот Румјанцев“ (1955), „Старецот Хотабич“ (1954) и многу други.

Постојат различни мислења за тоа од каде се појави оваа мода. Според едно од нив, тјубетејките ги донеле работниците кои во 20-тите години на минатиот век ја градеа Туркестанско-сибирската магистрала. Други сметаат дека тјубетејките се раширија низ СССР по евакуацијата на населението во Централна Азија за време на Втората светска војна (подоцна луѓето се вратија во своите родни градови носејќи тјубетејки).

А најверојатно тоа беше само практично. Така мислат и оние кои се сретнале со оваа мода во детството.

„Во 1950-тите бев ученик и лете многу од моите другари носеа тјубетејки. Тоа беше во Смоленската област. Зошто? Едноставно, ова капче е многу практично лете. Не треба да се бара никаква смисла во тоа, бидејќи нема“, напиша извесен Владимир Кузмин на форум.

Го поддржуваат и други корисници на интернетот: „Во Ленинград во 1960-тите многу деца носеа тјубетејки! И јас носев во градинка. Затоа што тие капчиња беа многу евтини и се продаваа на секој чекор! Лесно се собираа и ставаа во џеб!“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња