- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Кон средината на октомври, поранешната „Голема армија“ почнала да се подготвува за напуштање на Москва. Меѓутоа, Наполеон не можел туку така да го напушти омразениот град. Решил да му плати за „гостопримството“ со уништување на симболот на руската држава - Кремљ.
Sputnik
Оваа „почесна“ задача императорот му ја доверил на генералот Едуар Адолф Мортје. Тој ги истерал жителите на градот до ѕидините на Кремљ и ги принудил три дена да копаат тунели и поставуваат мини.
Sputnik
„Нашите раце самите не сакаа да го прават тоа“, рекол подоцна еден од работниците. „Сè нека пропадне, но не од наши раце. Тоа не беше наша волја: колку и да не сакавме, моравме да копаме. Проклетниците стоеја до нас и штом ќе видеа дека некој од нас копа послабо, веднаш нé удираа со кундаците. Целиот грб ми беше изудиран“.
Global Look Press
Штом последните Французи го напуштиле градот, почнало активирање на поставените мини. Така била уништена Водоводната кула, а оштетени се и Николската, Првата безимена и Петровата кула, дел од ѕидините и дел од Арсеналот. За чудо преживела најголемата градба во Москва - камбанаријата на Иван Велики.
Sputnik
Последиците можеле да бидат многу полоши, но очигледно самата природа била против варварската намера на Наполеон. И самите француски офицери зборувале зад грбот на императорот дека тоа не е во ред. Силниот континуиран есенски дожд едноставно ги изгаснал повеќето фитили, спречувајќи ги мините да експлодираат.
Sputnik
И локалните жители побрзале да ги гаснат фитилите, како и претходницата на руската војска под команда на Александар Бенкендорф.