Западните сојузници во текот на војната му испорачаа на Советскиот Сојуз околу 3700 бомбардери. Повеќето од нив беа авиони од американско производство, додека бројот на британски бомбардери беше околу дваесет.
Douglas A-20G Boston, 1943.
Игор Бубин/Public DomainВо СССР, за време на воените години, пристигнаа над 2800 различни модификации на американскиот бомбардер Douglas A-20 Havoc/DB-7 Boston. Излезе дека Военото воздухопловство на Црвената армија имаше дури и повеќе отколку Вооружените сили на САД.
Брз (до 510 km/h), со одлични маневарски можности, лесен за управување и послушен при нагли свртувања, овој бомбардер стана омилен меѓу советските пилоти. Еден од нив, Григориј Евдокимов, изјави: „Сигурен е, многу сигурен. Дури и во хоризонтална положба со само еден мотор лесно носеше бомби“.
А-20 се карактеризираше со висок комфор. Имаше пространа кабина, удобни седишта со оклопна заштита, одлична видливост за пилотот и навигаторот. Авионот беше целосно опремен со модерна навигациска и радио опрема.
Douglas A-20G Boston, 1943.
Игор Бубин/Public DomainМеѓу недостатоците можеше да се вброи само слабото одбранбено вооружување. Во СССР неговото вооружување беше обновено. Американските митралези од 7,62 мм беа заменети со големи митралези УБТ од 12,7 мм, а понекогаш и со топови ШВАК од 20 мм, што донекаде влијаеше на намалувањето на брзината.
А-20 беше користен во Црвената армија како извидувачки авион, бомбардер, па дури и ноќен ловец. Особено добро се покажаа во поморската авијација, каде што некои од нив беа претворени во носачи на торпедо.
А-20 влезе во составот на Балтичката, Северната, Црноморската и Тихоокеанската флота. Благодарение на нив беа потопени крстосувачот ПВО „Гелдерленд“, бојниот крстосувач „Шлезиен“, помошниот крстосувач „Орион“ и многу непријателски разурнувачи и транспортни бродови.
Северноамерикански бомбардер B-25B Mitchel 40-2242 по принудно слетување во близина на Владивосток, 1942.
United States Army Air ForceПрвите американски бомбардери North American B-25 Mitchell пристигнаа во Советскиот Сојуз во 1942 година. Военото воздухопловство на Црвената армија доби околу 860 од овие авиони во различни модификации.
„Првиот впечаток на нашите пилоти за овој авион беше лош. Веднаш му го дадоа прекарот „сипа“, се сеќава пилотот Александар Дудаков. „Но, откако летавме со него некое време, го сменивме мислењето. Авионот беше многу лесен за управување и имаше одлична видливост. Пилотирањето и при полетување, и во воздух и при слетување беше толку едноставно што овозможи брзо воведување на младите пилоти во борбен строј. Од сите типови на авиони што сум ги летал, Б-25 е најпристапниот во смисла на техниките на летање“.
Бомбардери Б-25, А-20 и ловци „Еракобра“ подготвени за испорака на СССР.
Public DomainБ-25 во СССР најпрвин беше применет во оперативно-тактичката авијација. Меѓутоа, беше гломазен, па со самото тоа претставуваше одлична цел за непријателските противвоздушни сили, што доведуваше до големи загуби.
Затоа бомбардерот беше префрлен во авијацијата со голем домет, каде што за време на ноќните напади можеше целосно да ја искористи својата одлична навигациска опрема, долгиот долет (2170 km) и импресивната оптовареност со бомби (2800 kg). Авионите Б-25 „Мичел“ интензивно се користеа за уништување на непријателската воена инфраструктура во германската заднина и за напади врз најголемите индустриски центри на Третиот Рајх.
Бомбардери на Кралското воено возздухопловство Handley Page Hp.52 Hampden и Hereford.
Imperial War MuseumЗа разлика од американските бомбардери, британскиот HP.52 Hampden не можеше да дојде до израз во Советскиот Сојуз. Дури и патот до одредиштето беше полн со проблеми и непријатности.
Повеќе од триесет „Хемпдени“ (верзија вооружена со торпедо) полетаа од Шкотска до Мурманск на почетокот на септември 1942 година за да го покриваат сојузничкиот арктички конвој PQ-18. Два авиони се урнаа во неутрална Шведска, четири се изгубија на небото над Финска, а над територијата на СССР еден авион се урна поради временските услови, додека друг беше соборен по грешка - беше соборен од советски „Харикен“ мислејќи дека е непријателски авион.
Носач на торпедо H.P.52 „Hampden“ Мк.I
Archive photoНа крај до одредиштето стигнаа 23 носачи на торпедо. По завршувањето на операцијата за придружба на конвојот британските пилоти се вратија дома, а авионите беа предадени на советската авијација. „Летечкиот куфер“, како што го нарекуваа HP.52 Hampden во британската Воена морнарица, во тоа време веќе беше прилично застарен.
„Хемпден“ имаше пространа и удобна кабина и таму завршуваа сите негови доблести. Советските специјалисти мораа да направат многу за негова модификација: да го подобрат вооружувањето, да ја зголемат отпорноста во битките, да го намалат ризикот од пожар во случај да биде погоден од куршум. Меѓутоа, дури и после тоа, бомбардерот-торпедоносец не стана убојно борбено летало во советската поморска авијација.
Тоа се „мртовечки ковчези“, велеше пилотот Алексеј Гусев за „Хемпдените“. „Беше страшно да се лета во нив. Беше страшно дури и кога им приоѓате. А и надворешниот изглед им е... никаков... Тоа се многу лоши авиони. Пилотите негодуваа, не сакаа да летаат со нив, но немаа каде - војната е војна...“
Boeing Y1B-17
U.S. Air ForceЛетото 1941 година американскиот претседател Френклин Рузвелт му вети на Сталин дека наскоро ќе започне со испорака на тешки бомбардери Boeing B-17 Flying Fortress („Летечка тврдина”). Меѓутоа, подоцна Американците, под разни изговори, се откажаа од испраќање на еден од нивните најдобри авиони на Военото воздухопловство на Црвената армија, главно поради присуството на тајна опрема во него.
На Советскиот Сојуз многу му беа повеќе од потребни тешки бомбардери, бидејќи нивните Пе-8 не беа доволни. Покрај тоа, американскиот авион имаше предност во однос на советскиот во поглед на брзината, практичниот плафон на летање, вооружувањето и нивото на удобност.
Boeing B-17F „Поларна ѕвезда“, Полтава 1944.
Archive photoГубејќи ја сета надеж дека ќе добијат Б-17 од САД, советските трупи почнаа самостојно да ги набавуваат. Многу „тврдини“ принудно слетаа на територијата на Источна Европа. Иако во таа прилика бомбардерите беа оштетени, а нивната тајна опрема беше уништувана од екипажот во согласност со упатствата, советските експерти започнаа систематско реставрирање на авионот.
Американците знаеја за ова, но не реагираа. Така, до крајот на војната, Военото воздухопловство на Црвената армија имаше на располагање неколку десетици Б-17. Меѓутоа, овие бомбардери не успеаја да учествуваат во борбени судири.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче