Советската и американската војска се бореа една против друга во Втората светска војна!

Историја
RUSSIA BEYOND
Се разбира дека тоа беше ненамерно. А до напад доаѓаше по случајна грешка, кога сојузниците мислеа еден за друг дека тоа се непријателски сили.

До инцидент најчесто доаѓаше на небото. Пилоти влегуваа во борба со борбени авиони со непозната конструкција, без да стигнат или да успеат добро да ги видат идентификациските ознаки на крилата.

Големиот советски пилотски ас Иван Кожедуб (лично забележа 64 победи) откри дека за време на војната соборил два ловци Р-51 „Мустанг“ на американското Воено воздухопловство. Американците го нападнаа неговиот Ла-7 мислејќи дека е авион на Луфтвафе.

Најголемата битка на советската и американската војска се случи во Југославија на 7 ноември 1944 година. Тогаш пилотите на 15 воздухопловна армија на САД ги нападнаа единиците на 6 гардиски стрелечки корпус на Црвената армија, кој се движеше на подрачјето на градот Ниш.

Во неочекуваниот напад загинаа 34 советски војници, меѓу кои и командантот на гардискиот корпус, генерал-полковник Григориј Котов, 39 борци беа ранети, а 20 камиони изгореа. Војниците мавтаа со црвени знамиња, обидувајќи се да го одвлечат вниманието на пилотите, но сето тоа беше залудно.

На сигналот за тревога беше подигната советската авијација. Во текот на воздушната битка што следеше, Американците, според различни податоци, изгубија меѓу два и седум авиони, а Военото воздухопловство на Црвената армија изгуби меѓу три и пет.

Откако на крај ги видоа црвените ѕвезди на крилата на советските ловци, Американците веднаш се повлекоа во правец на своите позиции. Веднаш потоа, командата на американското Воено воздухопловство и претседателот Френклин Рузвелт официјално му се извинија на СССР за „несреќниот инцидент“.