Дали знаете дека првиот тенковски таран во историјата го изведе советски тенкист?

Историја
БОРИС ЕГОРОВ
Тоа беше поручникот на Црвената армија Семјон Осадчи. Во 1936 година тој беше во групата воени стручњаци испратени од СССР во Шпанија, зафатена од граѓанска војна, како помош на републиканската влада.

Во републичката војска Осадчи командуваше со вод лесни тенкови Т-26. Се бореше против бунтовниците франкисти, но и против италијанските трупи, нивните сојузници.

Во борбата против Италијанците поручникот го направи својот познат тактички потег. Тоа беше на 29 октомври 1936 година, во населбата Сесења, недалеку од Мадрид.

За време на битката, топот на тенкот на Осадчи се заглави. Тогаш тој реши да се забие во непријателот. Со полна брзина се залета во италијанска танкета со пламенофрлач CV-33 на фирмата „Ансалдо“. Непријателското борбено возило се струполи во провалија, неколку пати се преврте и експлодираше.

Само пет дена по овој подвиг, на рускиот тенкист граната му ги откина двете нозе, по што тој почина во болница во Мадрид.

На 31 декември 1936 година, на поручникот Семјон Осадчи постхумно беше одликуван со звањето Херој на Советскиот Сојуз.