Првично камениот московски Кремљ бил изграден од црвена цигла 1366-1368 година. Тогаш Русија собирала сила да се ослободи од татарско-монголскиот јарем. Не било планирано тврдината да се бојадисува или да се покрива со малтер, затоа што при напад на ѕидините за време на опсадата бојата се лупела и на ѕидот настанувала „мета“ за следниот напад.
Кремљ во 1680 година бил бојадисан во бело. Делумно тоа било мотивирано од мода, а делумно демонстрирало политички став. Русија на тој начин му покажала на светот дека нејзината престолнина повеќе не се плаши од напад.
Последен пат Кремљ бил бојадисан во бело околу 1880 година. Со текот на времето белата боја во целост се измила и тој повторно станал црвен. А по Втората светска војна, кога била донесена одлука тврдината да се реставрира, било одлучено да се задржи првобитната боја. Оттогаш црвената боја на Кремљ периодично се освежува со бојадисување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче