„Поглед на московскиот Кремљ“
Музеј на уметноста во ЈарослављВо Московска Русија (претходницата на современа Русија, 15 и 16 век) било вообичаено за проектирање стабилни и убави зданија да се повикуваат италијански мајстори. Кремљ го има преуредено Иван Трети (1462-1505). Тој наместо некогашниот бел камен подигнал ѕидини од карактеристична црвена тула која денес ја гледаме. За оваа работа биле ангажирани многу Италијанци: Аристотел Фиораванти, Алојзи да Милано, Антони Гисларди и Пјетро Антони Солари. Токму тие ги проектирале и ги изградиле првите кули на московскиот Кремљ, како и храмовите и дворците во самата тврдина.
Интересно е што Русите во тоа време тешко ги изговарале италијанските имиња, па затоа поголемиот дел од овие архитекти биле познати под заедничко презиме Фрјазин (што главнo значело „Италијанец“)
Тајницката кула на московскиот Кремљ.
А. Савин (CC BY-SA 3.0)Оваа кула е прилично скромна (не е толку позната како Спаската, на пример), но е направена прва уште во 1485 година. Името го добила од зборот „тајна“ зашто во кулата бил скриен премин до реката Москва како таен излез за жителите на Кремљ доколку тврдината падне во рацете на непријателот.
Спаска кула. Реставрирана икона на Спас Смоленски, 2010.
Sergius (CC BY-SA 3.0)Ова не е ништо невообичаено, со оглед на тоа дека Русија пред Октомвриската револуција била христијанска земја. Некои кули, како што се Спаската и Никољската, го добиле називот по светци или по икони. За време на минувањето низ портата под Спаската кула, секој морал да ја симне капата пред Христовата икона од надворешната страна на кулата.
Под некои кули сè уште можат да се видат лежишта за икони (или нивни остатоци) иако самите икони, секако, исчезнале во 1917 година.
Пожарот во Москва во 1812 година. Виктор Мазуровски.
Наполеон бил незадоволен што во 1812 година морал да се евакуирал од Москва (неговата армија немала резерви од храна и почнала да гладува) и затоа наредил околу Кремљ да се постави експлозив како своевиден проштален „подарок“ на Москва. За среќа, планот на Французите се изјаловил. Целосно е уништена само една кула (Водозводната), неколку кули се многу оштетени, но поголемиот дел останале на своето место. Оштетените кули се реконструирани по војната.
Зошто Наполеон не успеа да го крене во воздух московскиот Кремљ
Спуштање на двоглав орел од Никољската кула на Кремљ.
Марк Марков-Гринберг/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruЦрвените петокраки по револуцијата биле поставени на врвовите на кулите наместо императорските двоглави орли. Тие исто така станаа препознатлив симбол на Русија иако стојат на само пет најпознати кули: Боровицката, Троицката, Спаската, Никољската и Водозводната.
Три кули на главните агли на Кремљ имале најголемо значење за одбраната на тврдината и затоа се направени со кружен попречен пресек. Тоа се Водозводната, Москворецката и Угловаја Арсенаљнаја. Сите останати се вградени во должината на бедемот и затоа имаат четири страни.
Во центарот на фотографијата е Беклемишевската кула, а во заднина станбен комплекс згради на Котељническиот кеј. Десно, скриена со лисје, се гледа Петровската кула.
Д. Иванов (CC BY-SA 3.0)Беклемишевската кула денес е попозната како Москворецкаја (по реката Москва), но во 16 век го носела името на Иван Беклемишев, богат и влијателен болјар (благородник) чија куќа била во близина на кулата во самиот Кремљ. Кулата е подигната во негова чест. Беклемишев во 1525 година се скарал со московскиот кнез Василиј Трети по што бил погубен, но името на кулата е задржано.
Не постои сомневање дека токму оваа кула е најпозната. Сите Руси со нетрпение ја гледаат Спаската кула кога ја дочекуваат Новата година, зашто нејзиниот часовник секогаш се прикажува на телевизија во новогодишната ноќ кога се одбројуваат последните секунди на годината што заминува.
Сите кули не се подеднакво познати. На пример, две кули се викаат Перваја Безимјанаја и Втораја Безимјанаја. Тие имале само одбранбена улога и за нив не е поврзано ништо особено интересно. Тоа е сè што треба да се каже за нив. Одиме понатаму.
Само погледнете ја оваа кула. Бела е, ниска, дури и се наоѓа надвор од ѕидините на Кремљ. Оваа истурена кула своевремено била проектирана да го штити мостот преку реката Неглинка (Неглинаја) кој ги спојувал Кутафја со Троицката кула. Неглинка одамна тече низ подземна цевка под асфалтот, но Кутафја и мостот се останати. Туристите влегуваат во Кремљ низ кулата Кутафја. И касата се наоѓа веднаш покрај неа.
Ова важи доколку не користи хеликоптер. Станува збор за Боровицката кула. Лидерите со автомобилите за придружба секогаш влегувале низ портата на оваа кула, а Спаската кула се користи само кога на главната порта се вршат некои работи.
Не е тешко да се забележи дека Никољската кула се разликува од останатите. Најпрво таа личела на Спаската кула, за на почетокот од 19 век да биде преуредена во неоготски стил со украсни елементи од бел камен. Кулата го има добиено називот по свети Никола. Оштетена е во војната 1812 година, а потоа во револуцијата 1917. Денес е во одлична состојба.
Доколку се смета и ѕвездата на нејзиниот врв Троицката кула е висока 80,16 метри, Таа е со мост споена со Кутафја која е најниска – висока е само 13,4 метри.
Станува збор за Царската кула. Таа е направена последна во 1680 година. Тоа не е кула во вистинската смисла на зборот. Таа нема улога во заштитата на тврдината, изгледа повеќе како украсен додаток. Четири столба среде бедем и покрив – тоа е сè. Легендата вели дека Иван Грозни ја користел како набљудувачница над Црвениот плоштад. Поради тоа и го добила називот Царска кула.
Покрај Царската кула се наоѓа Набатната кула („кула за тревога“) . Во неа од 1658 година имало ѕвоно кое се користело за тревога во случај на пожар, на нереди или на други вонредни ситуации. Но, кога во 1771 година во Москва почнале нереди, бунтовниците продреле во кулата и почнале да ѕвонат за узбуна за народот да се собере. Екатерина Велика била лута поради тоа, и штом бунтот бил задушен, наредила ѕвоното да се „замолчи“, односно од него да се тргне клатното, Ѕвоното е целосно тргнато во 1803 година.
Кон крајот на 17 век царот Алексеј Михајлович во кулата на Константин и Елена сместил затвор и неколку простории за мачење. По ова народот на оваа кула наместо убавиот назив ѝ го дал името Питошнаја (на руски „Пыточная“, односно кула за мачење). Два века во народот се вртеле легенди за озлогласената кула. Се зборувало дека на нејзиниот ѕид понекогаш се појавува крвава дамка...
Троицката кула е единствената „населена“. Во неа од дваесеттите години на 20 век се наоѓа салата за проби на воениот оркестар на Кремљовската гарда. И тоа не е сè: денес тука се одржуваат проби на Претседателскиот оркестар на Руската Федерација кој настапува пред руските функционери и пред странските лидери за време на нивната посета на Кремљ.
За волја на вистината, тоа не можете да го направите како обичен турист. Тоа била мошне популарна варијанта за советските раководители уште од 1948 година. Имало многу ситуации во кои тие му се обраќале на народот од „најсветото“ место во СССР, односно од покривот на Мавзолејот на Ленин, но било прилично незгодно да се пријде на Мавзолејот и да се искачи на него од страната на Црвениот плоштад.
Поради тоа било решено до Мавзолејот да се направи премин од најблиската кула, а тоа е Сенатскаја. Преминот го направил архитектот Николај Виноградов. Сега тој веројатно ретко се користи.
Само фрлете поглед на оваа аголна кула. Изгледа прилично моќно. И навистина, таа има најдебели ѕидови во целата тврдина – дебели се 3.96 метри. Сега знаете каде да се скриете во случај на зомби-апокалипса (доколку во тој момент бидете во московскиот Кремљ).
Кулата Гербоваја формално не припаѓала на ансамблот на кремљовските кули зашто се наоѓала во внатрешниот дел на тврдината покрај дворците и храмовите, но сепак била кула, и тоа прилично истакната. Имала украси во вид на грбови на руските градови. За жал, во 19 век била веќе толку трошна што со одлука на власта е отстранета.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче