Како советската армија освои дел од германската територија на вториот ден од војната

Историја
БОРИС ЕГОРОВ
За жал, овој локален успех никако не влијаеше на генерално катастрофалната ситуација на фронтот.

Првите денови од операцијата „Барбароса“ беа вистински кошмар за Црвената армија. Пробивајќи ги советските одбранбени позиции, Вермахтот брзо напредуваше во длабочината на земјата. На некои делови од фронтот Германците поминуваа и до 30 километри дневно.

Сепак, некои советски единици, вложувајќи големи напори, успеваа долго да го задржат непријателот на границата. Една од нив беше 102-от стрелечки полк на 41-та стрелечка дивизија, кој имаше позиции на Рава-руски утврден реон во близина на Лавов во Западна Украина.

Полкот не само што го издржа налетот на германската армија на 22 јуни, туку следниот ден во 8 часот наутро изведе успешен контранапад. Откако го протера непријателот од советска територија, тој продолжи да го гони и навлезе три километри во длабочините на таканареченото Генерално губернаторство (кое Германците го формираа на територијата на окупирана Полска во 1939 година).

Вечерта истиот ден советските војници се вратија на своите позиции. 41-та стрелечка дивизија ги држеше позициите на Рава - руски утврден реон до 27 јуни, кога беше принудена да се повлече поради опасноста да биде отсечена од главнината на советските сили.