Како изгледаше Москва во четириесеттите години на минатиот век

Сергей Васин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Мирната, просперитетна престолнина одеднаш се претвори во град кој пружа жесток отпор, со поставени противтенковски ежови, но затоа потоа ја прослави победата, а животот повторно почна да врие.

Четириесеттите години на минатиот век во Москва започнаа мирно. На Црвениот плоштад се одржуваа паради и демонстрации.

Домот на синдикатите го красеше новогодишна елка.

Посетителите со голем интерес ја обиколуваа Сесојузната земјоделска изложба (денес паркот ВНДХ) отворена во 1939 година, каде што секоја република имаше свој павилјон.

А главна атракција на изложбата беше, се разбира, монументалната скулптура на Вера Мухина „Работник и колхозничка“.

Сталионовиот план за генерална реконструкција на Москва беше завршен, беа отворени широки авении и улици.

Возачите се радуваа на новоизградениот Кримски мост преку реката Москва.

Луѓето одеа на кино и во продавници, се облекуваа убаво и уживаа во животот.

И, секако, се возеа со метрото кое молневито се ширеше и градеше.

Луѓето ја дочекаа објавата за почетокот на војната со неверојатна вознемиреност.

Урбаниот пејзаж се промени до непрепознатливост. Беа поставени противтенковски ежови.

Излозите беа натрупани со вреќи за да се заштити стаклото од бомбардирање.  

Можеа да се видат и огромни балони кои им го блокираа видикот на непријателските летала.

Противавионската одбрана застана во одбрана на московското небо.

Веднаш по парадата по повод годишнината од Октомвриската револуција, колони војници тргнаа на фронтот да ја бранат Москва, на чии западни приоди веќе зимата 1941 година се водеа жестоки битки.

Московската зоолошка градина продолжи да работи и покрај тоа што беше бомбардирана првите денови од војната.

Бројни животни беа евакуирани, а за оние што останаа водеа грижа вработените.  

Метрото стана засолниште од бомбардирањата. На фотографијата се луѓе кои ја поминуваат ноќта на станицата „Мајаковскаја“.

А на Плоштадот „Мајаковски“ на минувачите им се делеа гас-маски.

На 17 јули 1944 година во Москва се одржа „Парада на победените“. Повеќе од 57 илјади германски воени заробеници маршираа во колона по московските улици во придружба на трупите на НКВД. Московјаните, иако извикуваа „Смрт за Хитлер“, генерално не покажуваа агресија спрема уморните и искинати заробеници. По „маршот“ Германците беа префрлени во логори.

На 9 мај 1945 Москва со грандиозен почесен оган ја прослави долгоочекуваната победа.

Жителите на главниот град со цвеќе во рацете радосно ги пречекуваа своите херои-бранителите на железничките станици. 

На 24 јуни 1945 година се одржа првата, легендарна, Парада на Победата на Црвениот плоштад.

Во септември 1947 година Москва свечено ја прослави 800-годишнината од постоењето.

По повод јубилејот на градот се одржа голема спортска парада.

Градот беше свечено осветлен и украсен, во прославата учествуваа голем број луѓе и, секако, вечерта го гледаа огнометот.

Москва повторно почна да живее мирен живот. Луѓето повторно почнаа да одат со децата во својот омилен циркус на Цветниот булевар.

Повторно да се лизгаат.

Повторно да гледаат фудбал на стадионот на Динамо.

Во Москва почна и високоградба.

А се појавија и контурите на првите таканаречени Сталинови облакодери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња