Шуховската кула, Москва.
Legion MediaНајиновативното и најпознато остварување на Владимир Шухов е неверојатно едноставно, како и поголемиот дел од неговите работи. Пјотр Худјаков, пријател на Шухов, во своите мемоари има напишано дека во текот на осумдесеттите години од 19 век изумите на Шухов не им се допаднале на многумина функционери зашто биле „одвратно евтини“ и не создавале услови за проневера на пари.
Конструкцијата на хиперболидните кули и решетки што Шухов ги патентирал во 18976-1897 година навистина биле евтини, брзо се граделе и толку биле цврсти што многу кули на Шухов од крајот на 19 и почетокот на 20 век се сè уште зачувани!
Шуховската кула, Москва.
Legion MediaГлавниот принцип на Шуховската кула се состои во тоа што конструкцијата е во вид на хиперболид со решетка од полесни метални греди. Секоја е поставена под определено извиткување и со определена кривина, но секоjа греда е права, така што е лесно да се транспортираат деловите. Ваквата конструкција е цврста поради сопствената тежина, но и поради тоа што е решеткаста, така што ветриштата не ѝ можат ништо! Ваквиот дизајн бил инспириран од руската плетена корпа која е лесна, но може да носи и да издржи голема тежина.
Кулата во градот Полибино.
Legion MediaШухов самиот често го применувал принципот што го измислил. На пример, на Шуховската кула (подигната во 1919-1922 година) во Москва, а исто така и на други 200 кули кои тој ги проектирал. Неговата хиперболидна кула била прва од ваков вид во светот. Направена е за Серуската изложба во 1896 година и сè уште стои во Полибино, во Липецката област на Руската Федерација.
Трговскиот центар „Петровски пасаж“, Москва.
Legion MediaНапоредно со хиперболидните кули, Шухов ја развил и нивната решеткаста структура. Таа делумно се користела на самите кули, но исто така била корисна и за правење транспарентни покриви кои брзо се монтираат на зградите или на изложбените павилјони.
Киевска железничка станица, Москва.
Legion MediaШуховските решетскасти покриви се користени во изградбата на Пушкинскиот музеј за ликовни уметности, во зградата на Главната московска пошта и на многу други зданија. Еден од највпечатливите покриви е монтиран на Киевската железничка станица во Москва. Долг е вкупно 230 метри (сè уште е цел и сè уште функционира!)
Фабриката за термичко крекување нафта по проект и под техничко раководство на В.Г. Шухов, Баку, СССР, 1934 година.
SputnikПрвиот патентиран пронајдок на Владимир Шухов се појавил во 1876 година кога пронаоѓачот имал само 23 години. Тоа била парна млазница за распрскување мазут. Подоцна Шухов го продолжил истражувањето во областа на дизел-моторот и експлоатацијата на нафта. Тој во 1891 година го направил цевкастиот механизам за термичко крекирање на нафтата кој непрекинато работи и го патентирал методот на термичко крекирање, прв од ваков вид во светот, познат како „Шуховско крекирање“. Во Баку (престолнината на денешен Азербејџан) во 1931 година изградена е Советската фабрика за крекување нафта според Шуховскиот метод. Една од нејзините предности била во тоа што кондензаторот и котелот биле под постојан притисок.
Американските инженери Вилијам Бертон и Роберт Хамриз, независно еден од друг во 1908 година направиле и патентирале ист ваков процес на крекирање. Кога во 1924 година делегација на американската нафтена компанија „Sinclair Oil Corporation“ го посетила Шухов во Москва, на рускиот пронаоѓач му паднало в очи дека американскиот метод е фактички варијација на неговиот сопствен метод поради што со гордост изјавил дека „руската нафтена индустрија може лесно да направи апаратура за крекирање според кој било опишан систем, а Американците нема да можат да ја обвинат за бесплатно користење на технологијата“.
В. Г. Шухов, 1891 година.
Public domainШухов има проектирано и нафтоводи. Тој во 1878 година го има направено првиот руски нафтовод во Баку. Покрај тоа, под негово раководство и според негов проект изградени се големи нафтоводи, на пример нафтоводот од Баку во Батуми (1907) долг 883 километри и од Грозни до Туапсе (1928) долг 618 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче