Колку европски градови беа преименувани во чест на Сталин?

Александар Кислов
Повеќето од овие градови ги вратија своите историски имиња до 1961 година или од уште порано порано.

Кога култот на личноста на Сталин беше на врвот, се појави широко распространета практика во која градови, населби, села, улици, градски плоштади, па дури и планински врвови беа преименувани во чест на овој советски владетел.

Низ Советскиот Сојуз многу градови добија нови имиња во чест на Сталин. На пример, Џхинвал во Јужна Осетија беше преименуван во Сталинири, Душанбе во Таџикистан стана Сталинабад, а Донецк беше променет во Сталино. Можеби најпознат пример е Волгоград во Русија, кој некогаш беше познат како Сталинград. Овој град го симболизираше советскиот отпор против нацистичките сили за време на Втората светска војна. 

Меѓутоа, не беше само СССР кој преименуваше градови во чест на советскиот владетел. Албанскиот град Кучова го доби името Сталин, бугарскиот град Варна стана Сталин под комунистичката власт, додека германскиот град Ајзенхитенштат стана познат како Сталинштат. Слично на тоа, унгарскиот Дунаујварош станал Сталинварош, полско Катовице се викаше Сталиногрод, а романскиот Брашов го доби името Орашул Сталин, што значи „Градот на Сталин“.

На крај, додека советските власти настојуваа да го укинат култот на личноста на Сталин, гореспоменатите градови претрпеа уште една рунда преименувања. Повеќето од нив ги вратија своите историски имиња до 1961 година или дури и порано.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња