Зошто руските затвореници ги тетовираа Ленин и Сталин на градите?

Kira Lisitskaya (Photo: Legion Media)
Многумина затвореници го обвинуваа токму советскиот режим за нивната лоша среќа, па да видиме за што станува збор?
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

„За осудениците на смрт, ноќта е страшно време. Сите спијат, меѓутоа спијат како диви животни: внимателни... будни. Најмало тропање, шушкање... и веќе две-три глави вознемирено се креваат, наслушнувајќи ја ноќната тишина...“

Ова е воведниот пасус на една статија објавена во пронацистички весник печатен на окупираната територија на Советскиот Сојуз во 1943 година. Во написот авторот раскажува приказна за затвореник кој му побегнал на стрелачкиот вод откривајќи ги своите голи гради, на кои биле истетовирани портретите на Ленин и Сталин.

Иако приказната не е поткрепена со докази, оваа теорија се проширила многу подалеку од страниците на оваа пропагандна публикација.

„Пропусница за живот“ 

Точното потекло на оваа затворска приказна не е познато. Она што со сигурност се знае е дека некои советски затвореници ги тетовирале портретите на Ленин и Сталин на градите и дека се појавија различни теории зошто го направиле тоа. Приказната, објавена во весник контролиран од нацистите, можеби не направи ништо освен дополнително популаризирање на постојната затворска приказна.

„Осудениците на смрт ги тетовираа портретите на Сталин и Ленин на градите и грбот со надеж дека ќе ја избегнат казната. Никој од стрелачкиот вод не би се осмелил да пука во сликата [на Сталин]“, објаснува авторот на популарно видео на „Јутјуб“.

Со оглед на тоа колку силен и продорен беше култот на личноста на Сталин, не е тешко да се замисли дека членовите на стрелачкиот вод биле вознемирени и збунети кога им било наредено да пукаат во сликата на „Таткото на нациите“, макар и истетовирана на градите на затворениците.

Иако не постојат потврдени записи кои би сугерираат дека таквите тетоважи им служеле на советските осуденици како пропусници за живот, исто така е невозможно да се исклучи таквата можност.

Дури и ако тетоважите на Ленин и Сталин не ги поштедиле животите на огромен број затвореници, можеби имало поединечни случаи кога тие помогнале.

И покрај сомнителното потекло, приказната за тетоважите кои ги спасуваат животите на затворениците се проширила низ советските затвори. Новопечените затвореници кои ги тетовирале портретите на советските водачи на градите можеби искрено верувале во нивната моќ за спасување животи ако дојде до тежок момент. 

Револуционерот Јосиф Џугашвили викан Коба (подоцна Сталин)

Знак на лојалност

Постојат и други теории зошто некои затвореници ги тетовирале портретите на советски лидери на своите тела.

„Тетоважи на осуденици кои ги прикажуваат Сталин и Ленин почнаа да се појавуваат веднаш по Октомвриската револуција во 1917 година. На тој начин тие искажуваа почит спрема потомците на сопствената класа злосторници, кои првпат во руската историја успеаја да ја преземат контролата над земјата. Осудениците ја истакнуваа својата привилегирана положба, припадноста на елитата на власт“, вели авторот на популарно видео на „Јутјуб“.

И Ленин и Сталин служеа затворски казни пред руската револуција да ги донесе на врвот на новото советско општество. Ова ја објаснува поврзаноста со лидерите на земјата што некои затвореници ја чувствуваа.

Меѓутоа, ерата на Сталин се карактеризира со масовна репресија над општата популација и вонсудски егзекуции спроведувани во огромни размери. Друга теорија заснована на овој факт тврди дека тетоважите на Ленин и Сталин биле симболичен знак на јавно покајание кое некои затвореници го демонстрирале, надевајќи се на помилување до кое, во повеќето случаи, никогаш не дошло во текот на нивниот живот.

Затворот „Владимирски централ“, град Владимир, 1988.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња