- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Постои погрешно мислење дека врховниот командант Сталин никогаш не бил на фронтот и дека раководел со армијата исклучиво од својот кабинет во Кремљ.

Константин Финогенов
Меѓутоа, Сталин во повеќе наврати одеше на позициите на Црвената армија. Тие посети беа најстрого чуваната тајна, така што нивниот точен број е непознат и според различни извори варира од четири до десет пати.

Константин Финогенов
„За време на одбраната на Москва, Сталин двапати го посети фронтот“, напиша подоцна Серго, син на народниот комесар за внатрешни работи на СССР Лаврентиј Берија: „Никој никогаш не ги планираше тие посети однапред. На пример, кога сакаше да го посети подрачјето на Волоколамск, неочекувано ги повика Жуков и татко ми и им ја соопшти својата намера тој ден да посети дел од фронтот... Покрај неговото лично обезбедување, го придружуваа две чети на полкот на Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД)... Врховниот помина извесно време на командното место, ги набљудуваше најблиските позиции на Германците и потоа се вративме во Москва“.
Константин Финогенов
Исто така, познато е дека на почетокот на август 1943 година Сталин отпатува за Ржев (230 км од Москва), во штабот на Калининскиот фронт кој беше под команда на генералот Андреј Ерјоменко. Доаѓањето на врховниот командант беше поврзано со подготовката за операцијата „Суворов“, чија цел беше ослободување на Смоленск и слом на левото крило на германската група армии „Центар“.