Како изгледаше Санкт Петербург за време на револуцијата 1917 година (ФОТОГРАФИИ)

Public Domain
Градот всушност се викаше Петроград, а секојдневниот живот во него беше крајно необичен и полн со настани како политички демонстрации и манифестации.

Бидејќи Руската империја во Првата светска војна се судри со Германија, а градот го носеше името Петербург во германски манир, во 1914 година беше одлучено да се преименува во Петроград. Самиот град не беше зафатен од воените дејствија, но во него се чувствуваше воената атмосфера. На сите страни имаше одреди војници кои одеа на фронтот, многу жени се пријавија да бидат болничарки и наместо модерни женски шешири носеа болнички униформи со шалови, слично како монахињите. Дури и Зимскиот дворец, главната царска резиденција, беше преуредена во болница за офицери, така што раскошните свечени сали беа полни со кревети со ранети.

Покрај сето тоа, во 1917 година во градот започнаа немири предизвикани од револуционерите. (Тука дознајте повеќе за причините и текот на револуцијата). Воените неуспеси на фронтот поттикнуваа песимистичко расположение во заднината, а згора на сè, започна и недостиг на намирници. Во градот избувна бунт поради недостигот од леб проследен со антивоени демонстрации.

Жените први почнаа да штрајкуваат и да излегуваат на демонстрации и тоа беа работничките во ткајачниците. Едно од нивните барања беше и правото на глас за жените. На Невскиот и Литејниот проспект во центарот на градот се собираа големи толпи луѓе. Козачките одреди добија задача да ги задушат нередите, па поставија барикади и пукаа во толпата. И војниците на Преображенскиот полк добија задача да ја задушат Февруарската револуција, но многумина преминаа на страната на бунтовниците.

На металната ограда на Зимскиот дворец е покриен императорскиот грб со двоглави орли.

Во март царот Николај II се одрече од престолот и од тој момент тој и неговото семејство до летото ќе бидат под стража во неговата резиденција во Царско Село. После тоа, царското семејство ќе биде однесено на Урал. По абдикацијата на царот, многу воени единици положија заклетва на Привремената влада.

„Револуционерниот народ“ со задоволство го присвои царскиот имот, на пример, автомобилот на царот Николај II со специјален механизам за движење по снег.

По револуцијата, во градот беа зголемени безбедносните мерки. На Невскиот проспект патролираше коњанички одред.

На жителите на градот селективно им беа проверувани документите.

Април 1917. Болшевиците сé уште се борат за власт. Организираа демонстрација на Дворцовиот плоштад и го продаваа партискиот весник „Правда“.

Станаа популарни јавните настапи на говорници од различни револуционерни групации. На фотографијата се демонстрации пред Исакиевскиот храм.

Првата голема првомајска манифестација по повод Празникот на трудот.

Учесници во демонстрации пред хотелот „Асторија“.

Демонстранти на Троицкиот мост на реката Нева.

И на Литејниот мост.

И Привремената влада предизвикуваше сé поголемо незадоволство кај народот бидејќи не презеде мерки за завршување на војната и воспоставување ред во земјата. Во демонстрациите против Привремената влада на 1 јули 1917 година учествуваа околу половина милион луѓе. Многумина скандираа: „Време е да се заврши војната!“ и „Целата власт за Советите!“.

Бунтот против владата беше предизвикан и од неуспешната офанзива на руската војска на фронтот, а и поради фактот што воените единици беа повикани во Петроград да го задушат бунтот.

Војската брутално го задиши бунтот. Оган се отвораше и врз мирните учесници во демонстрациите.

Во Петербург се појавија воени оклопни возила. На еден таков автомобил од марката „Остин“ на народот му се обраќаше Ленин, кој во меѓувреме се врати од емиграција во Русија. „Ленин на оклопно возило“ стана еден од симболите на револуцијата, иако одделни историчари се сомневаат во автентичноста на тој настан.  

„Јуришот“ на Зимскиот дворец во кој заседаваше Привремената влада се третира како клучниот настан на Октомврискиот преврат. Болшевиците упаднаа во просториите, ја соборија Привремената влада и објавија дека сега тие се на власт.

Одредите јункери кои имаа задача да го обезбедуваат Зимскиот дворец преминаа на страната на бунтовниците.  

Освен јункери, Зимскиот дворец го обезбедуваше и женски баталјон.

Војници, морнари и работници упаднаа во дворецот, го опљачкаа и го демолираа.

За време на Октомвриската револуција на улиците владееше хаос. Луѓето со страв излегуваа да видат што се случува.

Патрола на Црвениот (Красниот) мост.

За ново градско седиште беше избран Институтот „Смолни“ за девојки-благороднички и тој стана вистински симбол на револуцијата. Во тоа здание беше штабот на болшевиците.

Обезбедувањето на Смолни.

Во градот се појавија црвеногардиски дружини чија задача беше да заведуваат ред.

Болшевиците ја изведоа Русија од Првата светска војна и склучија долгоочекуван мир.  По тој повод во Петроград се одржаа свечени демонстрации во чест на мирот и социјалистичката револуција. .

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња