- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На 22 јуни 1941 година, во СССР започна Големата татковинска војна, во западните земји позната како Источниот фронт на Втората светска војна. Веќе три дена подоцна, на 25 јуни, беше основана редакција за изработка на агитациски плакати, кои беа наречени „Прозорците на ТАСС“.
В. Горяев / TASS
15 милиони плакати
Авторите на идејата беа членовите на Московската организација на Сојузот на уметници - Михаил Черемних, Николај Денисовски и Павел Соколов-Скаља. Тие предложија да се прават плакати со комбинација на светли илустрации и остри катрени (строфи од четири стиха) на воени теми. Целта на плакатите беше да се подигне борбениот дух на Црвената армија и работниците во заднината. Главни уметници на оваа група беа познатите „Кукриникси“ (Николај Купријанов, Порфири Крилов и Николај Соколов).
Преку Телеграфската агенција на Советскиот Сојуз (ТАСС) поминуваа сите вести на Информбирото и затоа таа ги добиваше вестите пред сите останати. Затоа контролата на содржината на плакатите и оперативноста на нивното производство му беше доверена на ТАСС.
Воените плакати го добија своето име како продолжение на познатите револуционерни „Прозорци на РОСТ“. Овие агитациски плакати беа правени за време на Граѓанската војна како знак на поддршка што истата агенција (тогаш наречена Руска телеграфска агенција - РОСТА) ја даваше на Црвеното движење. Плакатите беа истакнувани на празните излози на продавниците и затоа ги викаа „прозорци“.
М. Соловьев / TASS
Работата во редакцијата беше строго конципирана: од изработка на оригинал до изработка на готов плакат беа потребни најмногу 24 часа, а на плакатот беа употребени најмногу 10 бои. Редакцијата се состоеше од 560 уметници, работеа во три смени и секој ден произведуваа по 1.000 примероци.
„Прозорците“ беа печатени со помош на шаблони. Тоа е метод на рачно печатење каде низ празнината на шаблонот се нанесува бојата, а потоа шаблонот се трга. Можеа да се користат и методи на печатење кои не изискуваа толку работа и не одземаат толку време, но во тој случај плакатите немаше да бидат толку впечатливи.
В. Айвазян / TASS
Од 25 јуни 1941 година до 29 декември 1946 година беа направени 15 милиони плакати! Ги праќаа на фронтот, ги лепеа на огласни табли, бандери, излози и огради. Посебни слики беа правени за партизаните. Тоа беа мали летоци 30 x 20 сантиметри.
Всушност, имаше многу повеќе плакати. Редакции како московската, но под различни имиња, беа основани во различни градови на СССР: Ленинград (денешен Санкт Петербург), Иркутск, Кујбишев (денешна Самара), Горки (денешен Нижни Новгород), Перм и други.
Кукрыниксы / TASS
Победа над нацистичката пропаганда
Јозеф Гебелс, министерот за пропаганда на нацистичка Германија, беше бесен поради плакатите кои ја исмејуваа германската армија. Сите вработени во редакцијата на „Прозорци“ беа осудени на смрт во отсуство. Копии одеа во странство странство, така што зајадливите карикатури беа познати низ целиот свет.
Врз основа на „Прозореците на ТАСС“ е можно да се проследат најважните моменти во историјата на Големата татковинска војна. Имено, многу беа посветени на херојските дела и битки. На пример, овој плакат е посветен на подвигот на пилотот Николај Гастел. Неговиот авион беше погоден и се запали. Наместо да го напушти леталото, тој го насочи врз колона непријателска техника и настрада заедно со неа.
П. Соколов-Скаля / TASS
Подвигот на уметниците
Редакциите продолжија да прават плакати и покрај тешките услови за работа. За време на битката за Москва, поради недостаток на нафтен разредувач, уметниците користеа терпентин и ацетон. Ноќе беше забрането отворање на прозорците кои беа затемнети, така што за време на ноќната смена Брзата помош носеше во болница од 3 до 6 работници поради труење.
П. Саркисян / TASS
Во Ленинград, за време на опсадата пролетта 1942 година, во редакцијата остана само еден соработник - Василиј Селиванов. Работеше и како уметник и како уредник, а и самиот ги лепеше плакатите. Селиванов направи 108 „прозорци“, секој со тираж од 3 илјади примероци.
Некои соработници на московската редакција добија државни одликувања и беа наградени со медали „За одбраната на Москва“.
П. Шумихин / TASS
Кукрыниксы / TASS
П. Соколов-Скаля / TASS
П. Соколов-Скаля / TASS
В. Иванов / TASS
М. Черных / TASS
М. Черных / TASS