Советските автомобилски компании произведоа голем број необични возила кои можат да се видат во играни и документарни филмови, но јавноста знаеше за нив малку или речиси ништо.
Еве список на најистакнатите советски автомобили што ги користеа специјалните служби во XХ век.
Ова возило однадвор изгледаше како стандардниот автомобил од марката „Победа“ (како што беше првично и замислено), но однатре претставуваше специјално разузнавачко возило со сервис со целосен опсег, исполнето со разни високотехнолошки уреди, како во филмовите за Џејмс Бонд.
Возилото беше направено за КГБ во 1955 година. Доби подобрен мотор „Победа“ со зголемен резервоар за гориво. Имаше и хидромеханички пренос и комплетен сет на тајни алатки за комуникација сместени во кабината.
Се покажа дека автомобилот е брз, но сепак со преголема маса, и беше многу тежок за управување поради бројните модификации направени за да стане „автомобил од типот на Џејмс Бонд“.
Ова возило служеше за придружба на највисоките советски политички фигури.
Тоа беше лимузина долга 6,3 метри и тешка 3,4 тони и достигнуваше максимална брзина од околу 190 км/ч. Возилото било толку моќно и издржливо што лесно можеше да ги отстрани од патот сите автомобили кои би претставувале закана.
Возилото тежеше најмногу поради оклопната капсула со дебелина од 8,5 мм во него. Плочите можеа да издржат директен удар, дури и на противтенковска муниција со калибар 7,62 и 7,54 мм, испукана од најмоќните снајперски пушки во тоа време.
Поради сите наведени причини, безбедносните служби на Кремљ го нарекоа ова возило „телохранител“ и го користеа во текот на целата советска ера, па дури и подоцна, во првите години на новоформираната Руска Федерација.
Се работи за еден од најистакнатите советски автомобили кој често се појавува во филмовите. Овие амбулантни возила се појавија кон средината на 1970-тите и сè уште се користат во некои оддалечени делови на Заедницата на независни држави.
РАФ-22031 имаше мотор од 100 коњски сили и можеше да постигне забрзување до 120 км/ч. Порано добиваше многу позитивни критики - работеше без проблем, беше лесен за управување и, што е најважно, беше многу сигурен и не бараше многу одржување. Подоцна медицинските служби добија модифицирана верзија на ова возило под називот РАФ-2914.
Ова е воено медицинско возило кое се користеше и сé уште се користи ширум земјата. Во основа, тоа е амбулантно транспортно возило, популарно наречено „таблета“ или „векна“ (бидејќи изгледа како парче леб или медицинска пилула), а најчесто се користи за транспорт на пациенти до болница. Не содржи некоја специјална медицинска опрема - во споредба со РАФ-22031, но е многу брзо, лесно, подвижно и мошне евтино за производство и одржување.
Ова возило, кое во народот беше познато како „Волга“, стана главниот автомобил на советската сообраќајна полиција. ГАЗ-21 е направен со висок клиренс (што му дава специфичен „висок“ изглед, за разлика од „ниско-елегантниот“ изглед на западните автомобили со сличен дизајн), робусна суспензија и вграден моќен мотор со погон на предните тркала.
Она што е исто така многу важно е дека овие автомобили станаа многу импресивни и специфични во текот на 60-тите години на минатиот век, кога ја добија својата единствена жолто-сина боја. Таквиот дизајн беше создаден на барање на генералите на тогашната команда, со цел полициските возила да бидат што повпечатливи и попрепознатливи на патиштата ширум земјата.
Овие автомобили не беа толку брзи како оние што денес ги користат службениците на полицијата, но беа многу сигурни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче